Претседателот на Гамбија го потпиша анти-геј законот со кој се предвидуваат доживотни затворски казни

Претседателот на Гамбија го потпиша анти-геј законот со кој се предвидуваат доживотни затворски казни

Претседателот на Гамбија потпиша закон со кој се предвидува доживотна казна за хомосексуални „дела“, со што Гамбија се приклучи кон другите африкански земји кои практикуваат строги казни врз геј заедницата.

 

Копијата од законот која минатиот петок стигна до Асошиејтет прес, покажува дека претедателот на Гамбија Јаја Џаме го потпишал законот на 9-ти октомври иако властите се уште не објавиле дека земјата го има усвоено овој закон. Во 2008, Џаме, кој е еден од најгласните африкански анти-геј лидери, им нареди на геј луѓето и лезбејките да ја напуштат земјата или да ризикуваат да бидат обезглавени.

 

Законодавците го увоија законот минатиот август, а огранизациите кое се борат за човековите права, како Амнести Интернешенал и Хјуман Рајтс Воч, жестоко реагираа. Законот е напишан со јазик кој е идентичен на оној во анти-геј законот во Уганда кој беше усвоен, па укинат од страна на судовите во земјата.

 

Со законот се криминализира „влошената хомосексуалност“ со која се таргетирани „сериските прекршители“ и луѓето кои живеат со ХИВ и СИДА. Осомничените исто така можат да бидат обвинети за „влошена хомосексуалност“ поради имање хомосексуален однос со лице кое помладо од осумнаесет години, лице кое е со посебни потреби или лице кое било под дејсттво на дрога. Терминот исто така се однесува и на осомничените кои се родителли или стратели на личноста.

 

Лицата кои ќе бидат прогласени за виновни за „влошена хомосексуалност“ можат да бидат осудени на доживотна казна.

 

Амнести Интернешенал неодамна објави дека гамбиските безбедносни сили ги имачуваат луѓето приведени во рациите, како и дека им се заканувале со силување и вршеле притисок да признаат дека се хомосексуалци.

 

Неодамнешите апсења беа први кои се во согласност со новиот закон, соопшти Амнести. Во изминатите недели биле уапсени најмалку четири мажи, едно седмунаесет годишно момче и девет жени под сомнение за хомосексуални односи.

 

„Тие биле мачени и злоставувани со цел да ги признаат нивните „кривични дела“ и да откријат информации за други индивидуи кои се сметаат за геј или лезбејки“ се вели во соопштението на Амнести.

 

Амнести ги обвини безбедносните сили за претепувањата и закани со силување и други злоупотреби доколку приведените лица не сакале да признаат.

 

Извор: LGBTQ nation