Црногорците маршираа за ЛГБТ права

Црногорците маршираа за ЛГБТ права

Заштитени од стотици полицајци, минатата недела околу двесте активисти за ЛГБТ права мирно маршираа во конзервативната Црна Гора, земја која претендира да стане членка на ЕУ.

 

Носејќи транспаренти на кои беа испшшани пораките „Да се сакаме меѓусебно“ и „Ова е само почеток“, ЛГБТ активистите се собраа во главниот град Подгорица , кој беше преплавен со припадници на полцијата која ги блокираше сите пристапи до центарот на градот.

 

На настанот не се случи ниту еден инцидент за разлика од претходните години кога полицијата се судри со ектремиситите на крајната десница, а ЛГБТ активстите мораа да бидат евакуирани.

 

Полицијата соопшти дека привела скоро сто потенцијални предизвикувачи на проблеми и пронашла торба со запаливи материјали. Двајца малолетници ќе бидат обвинети за планирање на напад врз маршот со молотови коктели, соопштија од полицијата.

 

„Јас сум најсреќниот човек во светот. Оваа година имавме подобра соработка со полицијата“ – рече организаторот Данил Калежиќ.

 

Црна Гора, како и поголемиот дел од земјите на Балакнот, поседува сила мачо култура со мала толеранција за ЛГБТ луѓето кои често се соочуваат со малтретирање и насилство од страна на десничарски и хулигански групи.

 

Но балканските земји мораат да ги заштитат човековите права за да имаат напредок во приближувањето до Европската Унија. Митја Дробнич, раководителот на ЕУ мисијата во Црна Гора ја пофали владата за обезбедувањето на настанот.

 

Извор: LGBTQ nation