Словачкиот уставен суд одобри одржување на хомофобичен референдум

Словачкиот уставен суд одобри одржување на хомофобичен референдум

Минатата недела словачкиот уствавен суд доснесе одлука Словаците да го изразат своето мислење за неколку прашања со кои ќе се ограничат правата на ЛГБТ луѓето во земјата.

 

Уставниот суд ја доенесе својата одлука откако една граѓанска инцијатива во своја петиција собра четиристотини илјади потписи. Инцијативата беше започната од страна на организацијата Сојуз за семејство која е силно поддржана од страна на амерканската крајно-десничарска евенгелистичка органзиација Алијанса за одбрана на слободата.

 

Првото од прашањата за кои ќе се одлучува на референдумот е поврзано со дефиницијата на бракот како заедништво помеѓу маж и жена, а другото се однесува на усвојување на забрана за посвојување на деца од страна на истополови парови или групи. Третото прашање се однесува на тоа дали родителите се согласуваат со содржината на сексуалното образовние. Само прашањето со кое се бара забрана за регистрирани истополови парови било прогласено за против-уствано од страна на судот.

 

Противниците на еднаквоста уште од 1990 ги употребуваат референдумот како политичко средство за да ги ограничат правата на ЛГБТ луѓето, што е особено случај во САД. Тие традиционално мобилизираат доволно човечки и финасиски ресурси за да се осигураат дека резултатите ќе бидат во нивна полза.

 

Копретседателката на ЛГБТИ Интрегрупата, Даниел Виоти, изјави:

 

„Не разбирам како уставниот суд одлучил дека овие прашања со во согласност со уставот на Словачка според кој прецизно се забрануваат референдуми за основните права и слободи. Се надевам дека разумното мнозинство ќе се заложи за правата на малцинствата и дека референдумот ќе пропадне“

 

Потпретседателката на Интрегрупата, Софи ин ’т Велд, додаде:

 

„Ова дебата не се однесува само на Словачка, туку и на основните права, толеранцијата и еднаквоста во рамките на цела ЕУ. Не смееме да замижиме пред верските организации кои промовираат нетолеранција кон граѓаните на ЕУ. Невкусно е што по хрватскиот референдум повторно се соочуваме со референдум за елиминирање на правата на нашите сограѓани. За таков процес нема место на просветлениот европски континент. Ги повикувам Слваците да ги одбранат правата на нивните сограѓани“

 

 

Извор: lgbt-ep