Камерун ослободи седум лица обвинети за прекршување на анти-геј закон

Камерун ослободи седум лица обвинети за прекршување на анти-геј закон

Јаунде, Камерун – Официјално лице изјави дека се ослободени седумте лица кои овој месец беа приведени под сомнение дека го прекршиле камерунскиот анти-геј закон, но исто така и дека тие ќе останат под строг надзор.

 

Минатиот четврток Донатус Сембе, полицискиот портпарол од Јаунде, главиот град на Камерун, изјави дека минатата среда четворица од лицата биле ослободени поради недостаток на докази.

 

Групата на приведени лица била составена од седум мажи и една трансродова жена. Адвокатите кои работеа на нивиот случај потврдија дека сите биле ослободени од страна на камеруснските власти.

 

Според Хјуман Рајтс Воч, Камерун е лидер во субсахарска Африка по бројот на приведувања и осудувањата на претставници на сексуалните малцинства. Според кривичниот закон во земјата, хомосексуалноста се казнува со казни во висина до пет години затвор.

 

Сембе изјави дека лицата повторно ќе бидат приведени и испратени пред суд доколку повторно покажат знаци на „девијантно однесување“.

 

Извор: LGBTQ Nation