06 Oct Тајван: Илјадници луѓе протестираа за истополовите бракови
Коалиција составена од повеќе од сто и дваесет граѓански организации вчера протестираше пред тајванскиот парламент барајќи легализација на истополовите бракови.
Организаторите на протестот, Револуционерниот фронт за брачна еднаквост, соопшти дека на протестот учествувале повеќе од дваесет илјади лица. Според медиумите, биле пристуни од две до четири илјади.
На портите на парламентот, активистите поставија сто и дванаесет катанци со имиња на пратениците. Минатиот месец до пратениците беа испратени „клучевите за еднаквост“ и оние кои ги поддржуваат истополовите бракови беа поканети симболично да ги отклучаат катанците за време на протестот.
Од двеасет и еден пратеник кои ја прифатија поканата, четири беа од владејачката Кинеска националистичка партија, четиринаесет од Демократската народна партија и два независни пратеника. Новоназначената копретседавачка на правниот комитет Ју Меи-ну беше меѓу присутните пратеници.
Таа ја повтори својата намера да го стави законот за брачна еднаквост на агендата на парламентарната седница и најави дека пред оддржувањето на тајванските Паради на гордоста кои треба да се оддржат на 25 октомври ќе се оддржи јавно сослушување за истополвиот брак.
Таа изјави дека експертите, истражувачите и претставниците на граѓанските групи кое ги застапуваат двете страни ќе бидат поканети да зборуваат пред парламентарните планови да бидат поднесени за проверка во Минситерството за правда.
Шиао Фонг, координатор на студентското здружение Џендер Студио, рече „законот за брачната еднаквост е клуч за вистинската еднаквост. Бараме сите пратеници кои не го изразиле своето мислење за законот да ја сфатат серзиозно поддршката за брачаната еднаквост на преку педесет проценти од јавоста и да ја дадат својата јавна подршка. Во спротивен случај, вашето молчење ќе биде сфатено како хомофобија“.
Пет членови на групата Тајванско семејство која се бори против истополовите бракови исто така оддржаа прес-конференција на која соопштија дека се претставници на триста илјади граѓани кои минатиот ноември учествуваа на протест против истополовите бракови.
Лезбејскиот пар Шиа-Лонг и Шиао-Е изјвија: „Хомофобијата е противуставна. Пратениците прават нешто што е противуставно. Нашите деца исто така растат несреќно како и децата на другите. Ние би се гордееле со нашите деца дури и ако се геј. На оние ликови од Тајванско Семејство сакаме да им порачаме дека веруваме дека би се каеле за ова што го прават денеска доколку нивните деца беа геј. Би се каеле што не се борат за брачната еднаквост како што ние се бориме денеска“.
Извор: Gay Star News