Отворена дебата: Законска регулација на употребата на дроги

Отворена дебата: Законска регулација на употребата на дроги

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ организираат дебата на која ќе биде отворено прашањето за соодветна законска регулација на употребата на дроги.

 

Истовремено, во рамките на отворената дебата ќе биде промовиран вториот број на списанието „Дроги – Политики и практики“, чија носечка тема е „Дроги и законодавство“.

 

На дебата ќе зборуваат:
Мариглен Демири,Солидарност,
Влатко Деков, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје,
Филип Достовски, Зелена алтернатива и
Јака Битенц, Словенечки социјален клуб за канабис

 

Модератор на дебатата:
Ирена Цветковиќ, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“

 

Дебата ќе се одржи во вторник, 30.09.2014 година, во 19:30 часот, во просториите на Автономниот Културно Социјален Центар, на ул. „Борка Талески“ 26, 1000 Скопје.