Бразил: Средношколци носеле сукњи во знак на протест откако трансродова соученичка била казнета за носење женска униформа

Бразил: Средношколци носеле сукњи во знак на протест откако трансродова соученичка била казнета за носење женска униформа

Група на средношколци од Бразил носеле сукњи откако нивна трансродова соученичка била казнета од страна на професорите за носење на „погрешна“ униформа.

 

Седумнаесет годишата Марија Муниц, која неодамна соопштила дека е трансродова личност била дисциплинирана и казнета од страна на професорите во школото São Cristóvão do Colégio Pedro II затоа што носела сукња наместо панталони како што било пропишано во правилникот.

 

Од училиштето велат дека нивниот етички кодекс не дозволувал „машките“ студенти да носат женски униформи, но сепак морале да ја повлечат одлуката откако соучениците протестирале носејќи женска униформа на училиште.

 

Марија Муниц изјавила: „Секогаш доаѓав во панталони и се чувстував под репресија. За мене носењето сукња претставува изразување на мојата слобода за тоа која сум јас навистина и како општеството ме перцепира. Среќна сум што моите соученици ме поддржаа и се надевам дека ќе служи како пример кој ќе ги охрабри и другите да ја направат правилната работа. Отсекогаш ме учеле дека треба да бидам прифатена каква што сум, јас само се обидувам да живеам според тоа учење“.

 

Од училиштето било објавено соопштение во кое се вели дека ќе бидат променети правилата за да се дозволи поразноличен израз на родот: „ Сегашниот ученички етички кодекс ќе биде променет преку учеството на целата заедница, вклучувајќи ја и активната париципација на учениците кои ќе можат да предложуваат измени кои мислат дека се неопходни“.

 

Извор: Pink News