21 Sep Д-р Карл Харт преиспитува сè што знаете за дрогите
Професорот Карл Харт, невролог и професор по психологија и психијатрија на Универзитетот Колумбија, неодамна направи извонредна презентација на ТЕД МЕД во која ги поби сите митови поврзани со дрогите, нивната употреба и злоупотреба. Во неговиот говор, Харт елоквентно зборуваше за негативното влијание кое хистеријата поврзана со дрогите го има врз штетните закони за дроги кои денеска се на сила во САД.
Неговата презентација се базираше на неговата широко признаена книга High Price: A Neuroscientist’s Journey of Self-Discovery That Challenges Everything You Know About Drugs and Society, која претставува мешавина од мемоари и научна книга која неодамна ја освои наградата PEN/E.O. Wilson Literary Science Writing Award.
„Мојата ТЕД презентација е обид за јавна едукација за борбата против митовите поврзани со дрогата, лошите политики на дроги, како и обид да помогнам луѓето да бидат побезбедни. Милиони луѓе непотребно скапуваат по затвори, а други непотребно умираат од предозирања кои можат да бидат спречени, од насилства кои се случуваат на црниот пазар на дроги, како и во полициски акции. Сето тоа се должи на лошиот пристап кон политиките на дроги. Никој не страда повеќе од Афро-Американците и сиромашните“ – рече Харт.
Харт кој е член на бордот на Алијансата за политики на дроги, водечката организација во САД која промовира алтернативи на денешните политики на дроги, ги основа своите докази на резултати од клинички истражувања и длабока општествена анализа. Тој смета дека тешкотиите со кои се соочуваа сиромашните афро-американски заедници во осумдесетите години од минатиот век помалку се должат на епидемијата на крек-кокаинот, а повеќе на невработенсота, расизмот и безнадежноста. Тој приложува докази дека најголемиот дел од употребата на дроги (осумдесет до деведесет насто од случаите) не претставува проблематична употреба. Тој смета дека вистинската општествена катастрофа претставува криминализацијата и стигматизацијата на таа популација.
ТЕД говорот можете да го гледате на следниот линк.
Извор: Drug Policy