Грција: Новиот закон за говор на омраза го опфаќа и родовиот идентитет

Грција: Новиот закон за говор на омраза го опфаќа и родовиот идентитет

Минатата недела грчките законодавци гласаа за вклучувањето на родовиот идентитет како основа за гонење според законот за говор на омраза во оваа земја.

 

Лицата кои ќе бидат прогласени за виновни ќе се соочат со затворска казна во траење од три години како и парична казна во висина до дваесет илјади евра. Сексуалната ориентација е веќе една од основите вклучени во постоечкиот закон.

 

Резултатите од ЛГБТ анкетата спроведена низ целата ЕУ покажаа дека седумдесет и четири насто од трансродовите луѓе во Грција се соочуваат со говор на омраза кој е широко распространет во Грција.

 

Истиот ден грчкиот парламент гласаше за зголемување на казните за оние кои ќе бидат прогласени за криви за злосторства мотивирани од омраза. Во случајот на овие злосторства паричните казни се дуплирани а затворските казни продолжени за три додатни години.

 

Грчкиот закон за злосторства мотивирани од омраза вклучуваше ваков вид на злосторства врз ЛГБТ популацијата.

 

Потпретседателот на Интергрупата за ЛГБТ права, европратеникот Денис де Јонг, реагираше: „Го поздравувам комплетирањето на грчките закони за промовирање на омраза. Усвоените мерки покажуваат дека грчката влада и парламент се сериозни во борбата против говорот на омраза и злосторствата мотивирани од омраза врз ЛГБТ луѓето. Меѓутоа, усвојувањето не е доволна мерка. Многу често злосторниците во нападите врз трансродовите луѓе избегнуваат да бидат казнети, затоа што полицијата им прогледува низ прсти. Но, доколку се создаде стратегија за кревање на свеста на ЛГБТ заедницата и полицијата, ова ќе значи дека е преземен голем чекор за правата на ЛГБТ луѓето.“

 

Потпретседателката на ЛГБТ Интергрупата, европратеничката Софи ин т’ Велд, додаде: „Грција е деветтата по ред земја во ЕУ која го тангирала проблемот со говорот на омраза усмерен кон трансродовите лица. Верувам дека е време Унијата во целост да започне да го третира проблемот на хомофобичииот и трансфобичнииот говор на омраза и злостоврства мотивирани од омраза. Ја охрабрувам Европската Комисја да го следи грчкиот пример и да ги прошири ЕУ законите за говор на омраза и злосторства мотивирани од омраза на начин на кој тие ќе ги опфатат сите форми на предрасуди, вклучувајќи на трансфобијата и хомофобијата“.

 

Во моментот, Европската Унија има закони со кои предвидуваат специфични повисоки казни само за расистички и кснофобичен говор и злосторства.

 

Извор lgbt-ep