11 Sep Еден град конечно работи на безбедноста на сексуалните работнички
Сексуалните работнички се соочуваат со многу потешкотии кога се работи за прашања за безбедноста што често се должи на закони кои биле неменети да ги „заштитат“ граѓаните. Овие закони во реалноста се помалку безбедни и ги отежнуваат животите на сексуалните работнички. За среќа, некои градови овие луѓе всушност ги сметаат за човечки суштества и сакаат да им ги подобрат условите во кои работат.
Во Цирих, Швајцарија е направен напор да се регулира сексуалната работа преку конструкција на дрвени куќарки кои ќе служат како локации во кои сексуалните работнички ќе можат безбедно да работат. Од страна на локалните жители тие неофицијално се наречени „драјв-ин куќарки за секс“. Директорот на проектот, Михаел Херциг, смета дека тие ќе ја ограничат сексуалнa работа само за оние кои всушност самоволно сакаат да се занимаваат со неа.
„Имавме проблем кој стануваше сè поголем со текот на годините, особено со Ромките кои се насилно втурнати во проституција. Ова беше деградирачка ситуација и мораше да биде сопрена“- вели Херциг.
Куќарките имаат аларм со што е олеснето да се обавестат другите доколку се случи сериозен проблем и да се спречат потенцијалните злосторства кои често се случуваат. Урсула Кохер од центарот за жени Флора Дора изјави дека ова претставува позитивна промена за сексуалната работа.
„Ова решение има неколку предности: сервисот за поддршка за жените е подобар затоа што ние се наоѓаме на лице-место. Инфраструктурата е подобра. Жените можат да дојдат кај нас и да ги употребат тушевите и тоалетите. Можеме да зборуваме со нив без другите луѓе да го слушаат разговорот и местото е затворено и прилагодено за надзор“.
Проектот беше одобрен од гласачите што значи дека граѓаните на Цирих всушност сакаат овој проект да биде имплеметиран наместо наивно да веруваат дека ограничувањето на правата на сексуалните рабоници/чки ќе ја елиминира сексуалната работа.
Source: The Gloss