Време е за легализација на сексуалната работа

Време е за легализација на сексуалната работа

Автор: Рејхан Салам

 

Кого смееме да мразиме? Една од причините зошто истополовиот граѓански брак добива поддршка во изминатите неколку години може да се лоцира во фактот што повеќе не е општествено прифатливо да се презираат геј паровите. Голем број од опонентите на истополовиот брак немаат негативни чувства кон лезбејите и гејовите, но сепак опонирањето на проширувањето на граѓанските права за геј луѓето долго време профитираше од сеприсутните предрасуди кои постојат против ЛГБТ популацијата. Како што овие предрасуди стануваат се помалку вообичаени и интензивни, нели не е неверојатно изненадувачки што подржувачите на истополовиот брак добиваат сè поголема поддршка. Во сличен манир, противењето на легализацијата на канабис долго време се основаше на ставот дека корисниците на марихуана се губитници кои треба да бидат на маргините на општеството. Сега кога употребата на марихуана јавноста ја поврзува со баби кои се заболени од рак, нема веќе враќање назад. Стигмата на употребата на марихуана изумира, а поддршката на криминализирањето на нејзината употреба умира заедно со неа.

 

Сексуалната работа е сосема друга приказна. Стигмата поврзана со продавањето на секс е сè уште силна, исто како и стигмата на купувањето секс. Ова оди наспроти сè поголемиот број на докази дека декриминализацијата на купувањето и продавањето секс има значајни позитивни ефекти врз јавното здравство. Економистите Скот Канигем и Маниша Ша неодамна открија дека кога проституцијата беше случајно декриминализирана во Роуд Ајланд поради грешка во статутаторниот јазик, бројот на нови инфекции од гонореја помеѓу жените, вклучувајќи го и бројот на силувања, неверојатно се намалија. Неодамнешна студија спроведена во Ванкувер, Британска Колумбија, покажа дека декримализацијата на сексуалната работа има потенцијал да го намали ширењето на ХИВ. Па, дали Америкаците ќе започнат да бараат легализација на проституцијата? Се сомневам, затоа што ќе биде многу тешко луѓето да престант да ги презираат оние кои купуваат и продаваат секс.

 

Постои мал број на анкети за тоа како Американците се чувстуваат во врска со легализирањето на купувањето и продавањето на секс. Главната причина за тоа е фактот што освен во неколку рурални околии во Невада, оваа идеја изгледа егзотично, чудно и многу далеку од политичкиот радар. Меѓутоа, во 2012, ЈуГов покажа дека идејата за легализација е изненадувачки популарна кај Американците. Иако четириесет и осум насто од испитаниците изјавиле дека протитуцијата треба дефинитивно или веројатно да остане нелегална, триесет и осум проценти од Американците изјавиле дека таа треба дефинитивно или веројатно да се легализира, останатите тринаесет проценти биле воздржани. Поголем број на испитаници (триесет и еден насто) одговориле дека проститцијата “дефинитивно не треба“ да се легализира во споредба со оние кои одговориле дека „дефинитивно треба“(дванаесет насто). Овој интезитет на мислење е многу битен, како што веќе знаеме од дебатата за контрола на оружјето и други контроверзни прашања. Интересно е што мнозиството жени (педесет и седум проценти) биле против легализацијата, а само четириесет насто од мажите се чувствувале исто.

 

Има едно битно прашање кое не било поставено во анкетата на ЈуГов. Се прашувам дали за оние кои веруваат дека сексуалната работа треба да биде нелегална е повеќе битно да се заштити општеството од сексуланите работници/чки врз основа дека шират неморалност или да се заштитат сексуалните работници/чки врз основа дека нивните клиенти се опасни.

 

Првата основа е совпаѓа со традиционалниот став за сексуалните работнички кое би требало да претставуваат жени со низок морал кои ги ставаат на искушение моралните мажи за да тие ги изневерат своите семејства. Втората основа е веќе прифатена во законодавството на неколку земји кои бараат нови стратегии за регулација на сексуалнатата работа. Во 1999, Шведска го криминализираше купувањето на секс, но не и неговото продавање. Новиот закон беше оправдан врз основа на ставот дека насилството врз жените е инхерентно на сексуалнта работа и неговата цел беше да се намали проситутцијата со тоа што ќе се намали бројот на клиенти. Приврзаницие на овој пристап сметаат дека Шведскиот модел има за цел да ја „намали побарувачката“, а шведската влада беше прилично успешна во меѓународната промоција на овој модел.

 

Шведскиот модел и неговото потенцирање на обесхрабрувањето на сексуалните трансакции не е популарен кај организациите на сексуалните работници/чки. Глобалната мрежа на проектите за сексуална работа и Канадската алијанса за реформа на законите поврзани со сексуалнта работа предупредија дека Шведскиот модел ги маргинализира сексуалните работници/чки без да ја намали проституцијата. Без разлика за која земја станува збор, без разлика на нејзините закони, мажите и жените ќе продолжат да купуваат секс. Со оглед на оваа реалност, не постои причина да се верува дека криминализацијата на купувањето секс ќе ги направи сексуалните работници/чки побезбедни. Напротив, ќе ја втурне уште подлабоко во подземјето каде заштитата потешко се плаќа.

 

Извор: Slate