Австралискиот олимпиец Иан Торп вели дека се чувствува конфорно да каже дека е геј маж

Австралискиот олимпиец Иан Торп вели дека се чувствува конфорно да каже дека е геј маж

Австралискиот олимписки шампион во пливање Иан Торп јавно соопшти дека е геј во едно телевизиско интервју кое беше прикажано минатата недела во Австралија. Вестта се појави по повеќе од декада на одрекувања уште откога на само петнаесет годишна возраст тој го постигна првиот успех во неговата кариера на Олимписките игри во Синдеј.

 

Во интервјуто кое го водеше британскиот новинар Сер Мајкл Паркинсон, Торп, кој пет пати има освоено златен медал на Олимписки игри, кажа како со години се борел со депресија поради тоа што одрекувал дека е геј.

 

Дел од неговото криење може да се најде и во неговата автобиографија насловена „Ова сум јас“ и објавена во 2012-та, во која Торп напишал дека го повредувале прашањата за неговата сексуалност.

 

„Прифаќам дека нема што друго да кажам или направам“ – изјави Торп во 2012, „секогаш ќе постојат луѓе кои се скептични, луѓе кои сакаат да бидам геј, и други кое ќе се обидат да го искористат тоа против мене“.

 

Но, минатата недела, Торп за прв пат во јавноста кажа дека тој е спремен да ја каже вистината за она кое тој го нарече „голема лага“ во неговиот живот.

 

„Се чувствувам дека лагата стана толку голема што не сакав луѓето да го спорат мојот интегритет и моето его се замеша во целата приказна“ – рече Торп во деведесет минутното интерву – „не сакав луѓето да мислат дека лажев за сè“.

 

Пред интервјуто, австралискиот олимписки нуркач Метју Мичам, кој во 2008 исто така истапи во јавноста дека е геј, рече дека се надева дека Австралијците ќе го поддржат Торп.

 

„Целосно можам да разберам колку за него е тежок овој процес. Се надевам дека тоа ќе му овозможи некаков мир. Австралиската јавност и медиуми имаат навистина прекрасна можност да постават пример за децата кои што се наоѓаат во позицијата на Иан“ – рече Мичам.

 

Торп, кој има триесет и една година, се повлече од пливањето во 2012 откако освои пет златни, два сребрени и еден бронзен медал и постави дваесет и еден рекорд на Олимписките игри. Тој е најуспешниот австралиси олимпиец.

 

Извор: LGBTQ Nation