Христијаните се извинуваа на прајдот во Чикаго

Христијаните се извинуваа на прајдот во Чикаго

Беше невидена глетка: на геј парадата во Чикаго, група на Христијани стоеја пред учесниците на парадата, држејќи транспаренти на кои беа напишани пораки со кои тие ѝ се извинија на ЛГБТ заедницата. Кампањата насловена „Жал ми е“, покрената од страна фондацијата Марин, има цел Христијаните да се извинат за начините на кои верниците ѝ предизвикале штета на ЛГБТ заедницата.

 

Пристапот на оваа фондација беше критикуван и од страната на ЛГБТ, но и од онаа на христијанските активисти. Меѓутоа, фондацијата досега била наградувана повеќе пати, добивала покани од Белата куќа и соработувала со Обединатите Нации.

 

Кампањата „Жал ми е“ започна за време на оддржувањето на геј прајдот во Чикаго во 2010 и оттогаш се прошири во повеќе градови, вклучувајќи ги и Лос Анџелес, Атланта, па дури и Синдеј.

 

„Сметаме дека оваа кампања ја претставува нашата посветеност во правењето на првиот чекор кој целосно помирување на највидлив начин“ – се вели на веб сајтот на фондацијата.

 

Камањата започна откако фотографија направена од страна на Ендру Марин, основачот на Марин фондацијата, стана вирлана во 2010, бивајќи споделена преку триесет и четири милиони пати. На фотографијата се наоѓал Марин како гушка посетител на геј прајд кој бил облечен само во неговата долна облека под која пишувало „Прегрнав човек кој беше облечен само по долна облека и горд сум на тоа“. Фотографијата се најде на првото место на листата „дваесет и една фотографија кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото“ на Базфид.

 

Четири години подоцна, камањата станува се посилна според бројот на учесници: „Во време на огромни културни промени во кои голем број на луѓе, меѓу кои има и Христијани, се одлучуваат за попрогресивно и јас би рекол похристијанско разбирање на дискусиите околу пресекот помеѓу верата, родот и сексуалноста, потребно е некои луѓе да признаат дека им наштелите на ЛГБТ луѓето во името на Бога и религијата“ – вели извршниот директор на фондацијата Мајкл Кипман, „Оваа кампања претставува можност да се понуди извинување лице во лице, да се изградат мостови на помирување помеѓу оние кои блуеја омраза и нетолеранција, а кои што денеска посакуваат да шират зборови и дела на љубовта“.

 

Кипман напиша рефлективен текст за неговото искуство на неговиот личен сајт во кој вели дека ЛГБТ луѓето кои поминувале покрај христијанските демонстранти го предивикувале да биде подобар Христијанин. Учесниците во парадата на омразата на демонстрантите возвратиле со „Ние сепак ве љубиме“ и „Иако не мразите, ние ве љубиме“.

 

Извор: Аdvocate