Советот за човекови права на ОН усвои исклучувачка резолуција за „заштита на семејството“

Советот за човекови права на ОН усвои исклучувачка резолуција за „заштита на семејството“

Минатата недела Советот за човекови права на ОН ја усвои резолуцијата наречена „Заштита на семејството“.

 

Резолуцијата го обрзува високиот комесар за човекови права да изготви извештај за статусот на семејството и на септемвриската сесија да побара огранизирање на панел дискусија за „прашањето за заштитата на семејството“.

 

Резолуцијата беше доведена на дневен ред од страна на група на тринаесет земји вклучувајќи ги Кина, Египет, Русија и Уганда. Таа беше поддржана од страна на дваесет и девет земји, а четиринесет земји беа против нејзиното усвојување.

 

Иако резолуцијата не нуди дефиниција на семејството, таа може да биде искористена како преседан за неовозможување на правата на истополовите парови, самохраните родители и сите други форми на семејство во следните преговори при ОН.

 

Амандманот кој беше претставен од страна на Чиле, Уругвај, Ирска и Франција, со кој се потенцираше дека постојат различни форми на семесјтво, не беше дискутиран откако Русија ја блокираше дискусијата.

 

Улирике Луначек, европарламентарка и копретседател на ЛГБТ Интергрупата, реагираше: „Шокирана сум од тактиките кои ги употребува Русија и дваесет и една друга влада кои одбегнуваат да дискутираат за разноличноста на семејните форми. Во срамен манир, тие искористија процедурални мерки за се избегне дискусијата за оваа содржина. Да се зборува за семејството без да се призне постоењето на различни форми на семејстово, претставува бегање од реалноста во која можат да се најдат секакви форми на семејества“.

 

Сирпа Пиетиканиен, европарламентарка и потпретседател на ЛГБТ Интергрупата, додаде „ужасно е што Советот за човекови права, кој треба да биде загрижен за човековите права на индивидуите, усвои ваква резолуција. Не би требало случајно мнозиство на држави да биде во можност да дефинира што преставува семејството, а што не. Ги повикувам сите земји да ги почитуваат, заштитат и исполнат човековите права на сите индивидуиални членови кои припаѓаат на различни видови на семејства, вклучувајќи ги и истополвите семејства“.

 

Извор: ЛГБТ-ЕП