Религијата е поврзана со повисиок ризик од самоубиство кај геј тинејџерите

Религијата е поврзана со повисиок ризик од самоубиство кај геј тинејџерите

Според едно ново истражување, геј луѓето кои бараат верско советување се наоѓаат под поголем ризик да извршат самоубиство за разлика од оние кои не барале никаков третман.

 

Вилијамс Институтот исто така откри дека ЛГБТ луѓето кои добиле третман од медицинско лице се под помал ризик да извршат самоубиство за разлика од оние кои барале помош од верски советници кои биле поврзани со поголем ризик од извршување самоубиство.

 

„Резултатите се проблематични затоа што барањето третман е пропорачана стратегија за превенција на самоубиства, а оваа студија покажува дека дека нема попозитивен ефект кај лицата кои барале третман“ – изјави коавторот Илна Мејер, постар истражувач за јавни политики во Вилијамс Инстиутот.

 

„Уште попроблематично е осознавањето дека индивидуите кои барале верски или спиритуален третман имале поголеми шанси за обид за самоубитво отколку оние кои не барале никаков третман. Потребни се повеќе студии за да се оцени ефикасноста на третманот на ЛГБ луѓето со суицидални тенденции во превенцијата на идните обиди за самоубиство. Но, дури и без понатамошно истражување, задолжените лица за јавно здравје и медициските лица треба да осигураат дека ЛГБ лицата кои бараат третман, без разлика дали се спроведува во медицински или верски услови, ќе добијат компетентен третман кој одговара на нивните потреби“ – додаде тој.

 

Податоците кои беа анализирани во студијата беа добиени од проектот Страјд кој претставува голема епидемолошка студија која ги истражува врските помеѓу стресот, идентитетот и менталното здравје кај ЛГБ и хетеросексуалната популација.

 

Целосната студија можете да ја прочитате овде.

 

Извор: Gay Star News