Градоначалникот и дипломатите се придружија на парадата на гордоста во Солун

Градоначалникот и дипломатите се придружија на парадата на гордоста во Солун

Солун, Грција – Според информации на грчката полицијата, повеќе од шест илјади луѓе марширале за време на оддржувањето на третата геј парада на улиците на Солун, вториот по големина град во Грција.

 

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Солун, Јанис Боутарис, како и и конзулите на САД, Обединетото Кралство, Германија, Канада, Чешка, Финска и Португалија.

 

Конзулот на САД, Роерт П. Сандерс, носеше транспарент на кој пишуваше „Дипломатите го поддржуваат солунскииот Прајд“.

 

Градоначалникот рече дека оваа година тој и дипломатите учествуваа на настанот, затоа што ја поддржуваат разноличноста и слободата на избор и во сексуална и во верска смисла на зборот.

 

Маршот беше осуден од страна на локалната православна црква чиј лидер, епископот Антимос, ја опиша како „промоција на перверзноста“.

 

На настанот имаше заислено полициско присуство за да се спречат анти-геј напади. Меѓутоа, такви напади не се случија.

 

Покрај маршот, самата манифестација траеше два дена и кулминираше саботата вечер со концерт на отворено.

 

Извор: LGBTQ Nation