17 Jun Преку сто илјади луѓе присуствуваа на најголемата ЛГБТ парада во Блискиот Исток
Голем број на Изреалци се забавуваа во централниот дел на Тел Авив на парадата на гордоста, најголемиот настан од овој вид на Блискиот Исток.
Тел Авив е едно од малиот број места во Блискиот Исток каде што геј луѓето се чувствуваат слободно да се шетаат држејќи се за рака и бакнувајќи се во јавност.
Во последните неколку години, овој град е еден од од најгеј-френдли дестинацииите за одмор во светот, за разлика од остатаните места во овој регион.
Порпаролот на полцијата, Мики Росенфелд, изјави дека на настанот присиствувале повеќе од сто илјади луѓе. Гласна музика ечеше по рутата на маршот на која играа голем број на луѓе и вееја знамиња со боите на винижито. Дрег кралици со тешка шмика облечени во раскошни фустани и високи потпетици играа на музиката, придружувајќи голем број на оскудно облечени мажи и жени.
Толеранцијата на Тел Авив кон геј луѓето е во спротивност на конзервативниот Ерусалим, кој се наоѓа на блиско растојание и претсавува дом на најсветите градови во Јудаизмот, Христијанството и Исламот. Сепак, во Ерусалим постои мала геј сцена и во него еднаш во годината се оддржува парада на гордоста, но многу помала од онаа во Тел Авив.
Официјално, истополвиот брак е забранет во Изреал, примарно поради тоа што не постои граѓански брак од кој било вид. Сите еверејски венчавки мораа да бидат спроведени преку еврејскиот рабинат кој хомосексуалноста ја смета за грев и прекршување на еврејскиот закон. Но, државата ги признава истополвите парови кои се венчале во странство.
Низ целиот Близок Исток, геј и лезбејските врски генерално претставуваат табу тема. Вкотвеноста на религијата во секојдневниот живот заедно со строгите културни норми се битен фактор за таквата ситуација. Истополовите врски се казниви во Иран, Мавританија, Саудиска Арабија и Јемен.
Помеѓу Палестинците, геј луѓето ги кријат своите социјални животи. Во Западниот брег, хомосексуалните врски се забранети според јордански закон од 1951, а во Газа постои забрана која била воведена од британските власти во 1936.
Извор: LGBTQ Nation