Данска стана водечка земја во правното признавање на родот

Данска стана водечка земја во правното признавање на родот

Завчера данскиот парламент изгласа нов закон со кој ќе им се олесни на трансродовите лица официјално да им биде признаен нивниот префериран род.

 

Со усвојувањето на овој закон, Данска стана првата европска земја која ја избриша дијагнозата „Пореметување на родовиот идентитет“ како неопходен услов во процесот на признавање на родот.

 

Во останатиот напредок на ова поле е вклучено и укинувањето на предусловите за задолжителна стерилизација или каква било друга хирушка интервенција. Тринаесет земји членки на Европската Унија ги условуваат трансродовите луѓе да направат стерилизација пред нивиот родов идентитет да биде признат.

 

Во данскиот правен систем веќе постоеа гаранции за останувањето во брак на трансродовите лица откако ќе им биде признаена промената на родот. Во триенасет земји членки на ЕУ разводот е неопходен пред да биде признаен родовиот идентитет на трансродова личност. Периодот на чекање од шест месеци сè уште постои, а процедурите за промена на родот се достапни само за лица постари од осумнесет години.

 

Денис де Јонг, пратеник во Европскот парламент и потпретседател на ЛГБТ-Интергрупата, реагираше: „Данскиот парламент направи нешто што е револуционерно, а сепак многу логично: Ги направи засегнатие луѓе да бидат единствени одлучувачи за нивиот род и тело без какви било услови наметнати од државата. Конечно една европска земја го признава правото на самодетерминација за трансродовите луѓе и јас ги охрабрувам другите земји да го следат примерот на Данска“.

 

Сирпа Пиетијаинен, пратеничка во Европскиот парламент и потпретседателка на ЛГБТ-Интергрупата, додаде: „Данска сериозно ги зеде предвид препораките на Советот на Европа во кои се вели дека процедурите за признавање на родот би требало да бидат „брзи, транспарентни и лесно пристапни“, но и осободени од злоставувачки предуслови. Драго ми е што трансродовите лица во Данска повеќе нема да бидат стигматизирани како ментално болни пред да им биде признаен нивниот избран род. Од овој аспект, ги охрабрувам Комисијата и земјите членки да продолжат со работата кон целосна депатологизација на трансродовите луѓе во Светската Здравствена Организација“.

 

Извор: LGBT-EP