Четиристотини лица маршираа на ЛГБТИ парадата во Букурешт

Четиристотини лица маршираа на ЛГБТИ парадата во Букурешт

И покрај лошото време на маршот на Букурешкиот фестивал на гордоста 2014, кој заврши минатата сабота, учествуваа околу четиристотни луѓе.

 

Учесниците на настанот маршираа по булеварот Киселев од Тримфалната капија до Плоштадот на победата каде што воспоставија зона ослободена од дискриминација во која се одвиваа јавни говори и се пушташе музика.

 

Маршот помина покрај зградата каде што се наоѓа амбасадата на Руската Федерација и некои од учесниците свиркаа и испуштаа извици на негодување во моментот кога поминуваа покрај неа.

 

Пред одржувањето на маршот, Флорин Бухучеану. директорот на романската огранизација за ЛГБТИ права Експепт, рече дека Романците треба да одлучат во каков вид на општество сакаат да живеат и дали сакаат да бидат напредни или назадни по прашањето на човековите права и политичките слободи.

 

„Политиката на земјите членки на ЕУ претставува функционален модел за зајакнување на просперитетните општества кои се разновидни и инклузивни, додека политичката класа во Русија и нејзините соседи создава нетолеранција и хомофобија. Романија и Романците се наоѓаат на границата помеѓу истокот и западот и мораат да одберат патот кој ќе го следат“ – рече Бухучеану.

 

Минатата година за прв пат во земја под поранешниот Источен блок, Романската партија на зелените се заложи за закон со кој истополовите парови ќе бидат правно признаени.

 

Во Романија, хомосексуалноста е декриминализирана во 1996, на хомосексуалците им е дозволено да служат во армијата и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација е забранета. Но, сепак ЛГБТИ луѓето пред себе имаат борба за уште многу други права.

 

Извор: Gay Star News