Извештај на Френк Ла Ру од посетата во 2013: Влошена ситуацијата во медиумскиот простор во Мекедонија

Извештај на Френк Ла Ру од посетата во 2013: Влошена ситуацијата во медиумскиот простор во Мекедонија

Вчера попладне г-дин Френк Ла Ру, Специјален известувач на ОН за слобода на мислење и изразување, го претстави пред Советот за човекови права на ОН извештајот за неговата посета на земјата во јуни 2013.
Г-дин Ла Ру ја истакна својата загриженост со влошување на просторот за независни медиуми во земјата и покрај одредениот напредок во правната рамка. Тој е особено загрижен со наводите за несразмерните ограничувања и судско вознемирување на независни или критични сегменти на медиумите и вознемирен со извештаите за појавата на говор на омраза, епизоди на напади врз ЛГБТ заедницата и наводите дека јавните власти отворено јакнат дискриминаторски стереотипи.
Г-дин Ла Ру препорача државата внимателно да ги испита сите наводи во врска со произволно спроведување на несразмерни казни против медиумите и ја повика да одржува проактивно водство  во борбата против сите форми на дискриминација, внимателно да ги испита сите епизоди на насилство и заплашување против малцинските заедници и политичките власти формално да ги отфрлат сите форми на поттикнување на омраза.

 

Изјавата на Специјалниот известувач, извештајот (документ на ОН A/HRC/26/30/Add.2) и одговорот на Владата (документ A/HRC/26/30/Add.5 ОН)  се достапни на англиски и другите ОН јазици од веб-страницата и екстранетот на Советот за човекови права на ОН.