14 Nov Покана за проекција и дискусија
клуб ГЕМ
19.30 часот
Коалиција СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЦИ Ве поканува на:
Проекција на филмот ТРЕВА и
Дискусија на тема: Војна против дрогите: паника, манипулација, дискриминација
Воведничари: Влатко Деков и Жарко Трајановски
Фасилитатор: Ирена Цветковиќ
Филмот Трева (Grass, 1999) е докумантераен филм во режија на Рон Ман којшто ја истражува пропагандната борба на Американската влада против марихуаната во 20 век. Преку постојната ксенофобија кон Мексиканските емигранти и нивнато практика на пушење марихуана низ филмот го гледаме сериозно погрешното водење на политики за дрогата од страна на естаблишментот во Америка првенствено преку ексклузивно позиционирање на овој специфичен феномен и проблем во рамките на криминалот наместо пристап фокусиран на политиките на јавното здравство. Дозиран со предрасуди, хистерична пропаганда и политички опортунизам, но и разумните гласови на засегнатите субјекти филмот ни пренесува приказна за една скапа и залудна крстоносна војна против супстанцата со проблематични ефекти по здравјето, пропагандна војна која ги разниша базичните човекови права и слободи.
По филмот следува дискусија на тема „Војна против дрогите: паника, манипулација, дискриминација“ на која воведничари ќе бидат Влатко Деков и Жарко Трајановски, а фасилитатор Ирена Цветковиќ.
Влатко Деков е долгогодишен активист за правата на корисниците и зависниците од дроги. Тој е автор на повеќе истражувања од областа на проблематиката на дроги и правата на корисниците/зависниците од дроги. Повеќе од 10 години работи во невладината организација ХОПС- Опции за здрав живот, а моментално е директор на програмата за намалување на штети.
Жарко Трајаноски е магистер по човекови права. Долги години работи како активист за човекови права на маргинализираните заедници меѓудругото и на корисниците и зависниците од дроги. Во моментов работи како консултант во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
Ирена Цветковиќ е магистер по родови студии. Подолго време работи како активист за човековите права на припадниците на маргинализираните групи како корисниците и зависниците од дроги. Во моментов работи како проект координаторка во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.