На Челси Менинг конечно би можела да ѝ биде дозволена транзицијата

На Челси Менинг конечно би можела да ѝ биде дозволена транзицијата

На Челси Менинг конечно би можело да и биде дозволено да започне со третман. Пентагон ја разгледува можноста да ја премести Менинг во цивилен затвор. Таа беше осудена на затворска казна од триесeт и пет години за споделување на доверливи документи со цивилно лице.

 

Откако таа минатиот август, веднаш по соопштувањето на нејзината казна, изјави дека е трансродово лице и беше забранет пристап до терапија за промена на полот.

 

Одговорните лица од Одделот за одбрана на САД изјавија дека тие не нудат таков третман и дека Менинг не може да биде отпуштена од војската додека ја отслужува триесет и пет годишната затворска казна, и покрај фактот што на трансродовите луѓе не им се дозволува да служат во американската војска.

 

Но, официјалните лица приватно изјавиле дека доколку ја задржат во воен затвор и ја принудат да живее како маж, тогаш тој третман би можел да се оцени како суров и невообичаен.

 

Организациите кои се залагаат за ЛГБТИ права го делат истиот страв. Southern Poverty Law Center побараа од официјалните лица да дозволат хормонска терапија за трансродовите затвореници.

 

Оваа недела тие испратија писмо до Одделот за корекции во сојузната држава Џорџија во кое бараат на триесет и шест годишната Ешли Дајмонд да и се одобри родов третман.

 

„Нејзиниот глас е подлабок, почнаа да и растат влакна на нејзиното лице и маснотиите во нејзинот тело се редистрибуираа. Нејзиниот идентитет се менува“ – соошти Southern Poverty Law Center.

 

Во сооштението за јавноста на Southern Poverty Law Center се вели: „Никој не би забранил на затворник да му се даде инсулин. Никој не би осудил некого да направи промена на полот. Но, затоа што сум трансродово лице, мене ми е одземено основното право на здравствена нега и сум приморана да го променам полот. Никој не би требало да добие ваква мачна казна“.

 

Судиите редовно се согласуваат со затворениците, цитирајќи го членот „сурово и невообичаено“ од Осмиот амандман како оправдување за укинувањето на забраните на хормонската терапија.

 

Кога Менинг откри дека е трансродова, таа објави отворено писмо до целиот свет.

 

„Сакам сите да ме познаваат каква што сум. Јас сум Челси Менинг, јас сум жена. Со оглед на тоа како се чувствувам, а вака се чувствувам уште од своето детство, сакам што поскоро да започнам хормонска терапија“, се велеше во писмото.

 

Извор: Gay Star News