Создадена нова апликација со која клиетите ќе можат полесно да лоцираат сексуални работници/чки

Создадена нова апликација со која клиетите ќе можат полесно да лоцираат сексуални работници/чки

Позајмувајќи ја динамиката од популарните апликации за запознавање како Тиндер, една берлинска старт-ап компанија создаде нова апликација која клиетите ќе можат да ја користат за да пронајдат сексуални работници/чки.

 

Пуштена во употреба на 1 април, апликацијата наречена Peppr.it им овозможува на корисниците да ги разгледуваат профилите на сексуалните работници/чки кои што се наоѓаат во нивната непосредна близина.

 

Настрана од можноста за пребарување на профилите на сексуалните работници/чки, апликацијата им дозволува на корисниците да ги филтирираат сексуалните работници/чки според типот на телето, бојата на кожата и специјалните услуги кои тие ги нудат.

 

Сексуалните работници/чки не се приморани да плаќаат за употребата на оваа апликација, но сопственициите ќе наплаќаат пет до десет долари од самите клиенти.

 

Пиа Попенрајтер, ко-креатор на апликацијата, била инспирирана да ја создаде оваа онлајн алатка по прошетката за време на една зимска ноќ во ред лајт дистрикт областта во Берлин.

 

„Се шетав по улицата Ораниенбургер, знам дека звучи лигаво но тоа е вистината, беше ладно и ги видов кутрите девојки на улицитте и си помислив зошто не постои апликација за ова? Не е ефикасно надвор да се чекаат клинетите“ – изјавила таа за Д’ Локал.

 

„Се обидуваме темелно да ја промениме сликата во јавноста за сексуалните работници/чки“ – вели таа. „Се обидуваме да ја оттргнеме од нејзиниот лош имиџ“.

 

Таа отишла дотаму што сексуалните работници/чки се приморани да зборуваат со претставници на Peppr.it за да потврдат дека не се присилени да ја работат оваа професија.

 

„Правиме кратки разговори за да се осигураме дека доброволно се занимаваат со сексуална работа и дека се назависни работници“ – рекла таа, иако нејзината компанија не може секогаш да гарантира за ова.

 

„Преку разговорот се обидуваме да дознаеме дали тоа го прават на доброволна основа, ги прашуваме што работеле претходно, дали секогаш работеле доброволно…“ – изјавила Пиа.

 

 

Извор: IBTimes