ИЛГА порачува Грузија да не ја вметне хомофобијата во својот устав

ИЛГА порачува Грузија да не ја вметне хомофобијата во својот устав

Минатата недела премиерот на Грузија, Иракали Гарибашвили, стана последниот европски политичар кој предложил во уставот на земјата да биде внесена забарана на истополовиот брак.

 

Гарибашвили во исто време предложи промена на уставот, но и закон за антидискриминација, велејќи: „Затоа што можеби има различни мислења за ова прашање, а не би требало да има шпекулации кога се работи за оваа тема, предлагам иницијатива за вметнување на член во уставот со кој семејството ќе се дефинира како заедница помеѓу маж и жена“.

 

Во изминативе години, на европскиот континент се случија усвојувања на различни уставни забрани на истополовиот брак, вклучивајќи ги и оние во три земји членки на ЕУ, Хрватска, Унгарија и Летонија. Во уставот на тринаесет европски земји истополовиот брак е де факто забранет, затоа што бракот е дефиниран како заедница помеѓу маж и жена.

 

Извршната директорка на ИЛГА Европа, Евелин Парадис, рече: „Уставните забрани се високо симболични мерки со кои дискриминацијата се втемелува во законите и се кои се спречуваат дебатите за признавањето на истополовите парови. Секоја од земјите кои во својот устав ја имаат забрането брачната еднаквост не дозволува каква било форма на права на истополовите парови. Овие забрани претставуваат алатка која се употребува од оние кои се спротиставуват на еднаквоста на ЛГБТИ луѓето за институционализација на дискриминацијата врз ЛГБТ лицата. Со тоа политичките лидери ја подгреваат хомофобијата и им даваат поттик на одредени групи, особено на религиозните фндаменталисти, кои употребуваат анти-геј реторика за да се здобијат со влијание во општеството“.

 

ИЛГА-Европа ја повикува грузиската влада да го повлече предлогот и да продолжи да оди по вистинската патека, овозможувввајќи еднаков третман пред законот за сите граѓани. „Ова е времето во кое премиерот Гарибашвили треба да го промени непријателскиот однос на општеството кој ЛГБТ луѓето, наместо да му дава поттик“- рече Парадис.

 

Според Индексот Виножито Европа од мај 2013, Грузија се наоѓа на триесетото место, од вкупно четириест и девет европски земји, на листата која се однесува на законите и политиките кои ги тангираат правата на ЛГБТИ луѓето.

 

Извор: ilgaeurope.org