Литванија го одложи усвојувањето на анти-геј законот

Литванија го одложи усвојувањето на анти-геј законот

Вилнус, Литванија – Минатиот четврток литванските пратеници го одложија финалното гласање за законот со кој се воспоставуваат казни за „јавно сквернавење на семејството“, правна мерка слична на рускиот анти-геј закон.

 

Триесет и девет членови на литванскиот парламент гласаа законот да се отстрани од агендата на парламентот, триесет и четири парламентарци гласаа за да тој биде задржан, а дваесет пратеници беа воздржани, пренесува дневниот веник Литванија Трибјун.

 

Законот ги дефинира геј парадите, про-ЛГБТ материјалите, медиуми и говори како конфликт со „јавниот морал“ и како „јавно сквернавење на семејстото“ кои се казнуваат со парична казна од приближно илјада евра за прв прекршок, а со над две илјади евра за повторен прекршок.

 

Според Литванската Геј Лига, главната литванска организација која се бори за ЛГБТ правата, гласањето е само одложено, но е и целосно отфрлено.

 

ЛГЛ соопшти дека законот бил предложен од страна на пратеникот Петрас Гражулис од Партијата за ред и правда со цел да се забрани балтичкиот марш на гордоста кој треба да се одржи следниот јуни.

 

Минатонеделното одложување ја подгреа дебата во литванскиот парламент со тоа што Гражулис ја обвини Конзервативната партија за „промена не само на нивната политичка ориентација, туку и на нивната сексуална ориентација“, и дека тоа го направиле заедно со нивниот лидер професорот Ландсбергис.

 

Како одоговор на овие обвинувања, пратеничката од Конзервативната партиј, Вида Мари Чигриејиене, кој се спротистави на усвојувањето на законот, одговори: „Зошто зборувате за семејни вредности? Како што можам да се сетам, г-дине Гражулис, вие само што се разведовте од вашата сопруга“.

 

Други пратеници од Конзервативната партија, како Римантас Јонас Дагис, изјавија дека ќе го подржат законот доколку во него се употребува помек вокабулар.

 

Партијата за ред и правда, која заедно со Социјалдемократската партија е дел од литванската влада, има минато на екстремни анти-геј изјави и повторени обиди за усвојување на слични анти-ЛГБТ закони.

 

Роберт Бидрон, главниот известувач на Парламентарнaта група на Советот на Европа, предупреди дека доколку Литванија го усвои овој закон, со тоа ќе ја прекрши Европската конвенција за човекови права која оваа земја ја има потпишано како услов за членство во Европската Унија.

 

Извор: LGBTQ nation