24 Oct Геј правата се човекови права
Премиерот на Зимбабве Морган Цвангираи направи драстична промена во врска со геј правата и вели дека сега сака да ги заштити во новиот устав на државата.
Зборувајќи за Би-би-си, тој кажа дека геј правата се човекови права кои треба да бидат почитувани од страна на жителите на Зимбабве.
„Тоа претставува многу контроверзна тема во овој дел од светот. Мојот став е дека се надевам дека уставот ќе ја вклучи и слободата на сексуалната ориентација, се додека тоа не му смета на никој“ – изјави тој.
За мене ова е прашање на човекови права“- додаде тој.
Во минатото, г-динот Цвангираи велеше дека се согласува со хомофобичниот претседател Роберт Мугабе и неговите ставови за хомосексуалноста. Мугабе ги има осудено геј луѓето во повеќе наврати, во еден случај нарекуваќи ги „полоши од свињи и кучиња“.
Двајцата лидери претходно одбиваа да ги заштитат геј правата со новиот устав, кој моментално е во припрема и ќе биде поставен на референдум следната година.
Според законите кои ги предложил режимот на претседателот Мугабе во 2006-та, нелегално е два члена на истиот пол да се држат за раце, да се гушкаат или бакнуваат.