Данската влада предложи слободен пристап до правна промена на родот

Данската влада предложи слободен пристап до правна промена на родот

Данската влада предложи реформа на законите со кои се регулира правата промена на родот. Група составна од членови на повеќе дански министерства работеше повеќе од една година и напиша извештај кој содржи анализа и можни модели за новиот закон:

  1. Декларациски модел, во кој личноста аплицира за правна промена на родот со тоа што ќе даде изјава дека тој или таа се чувствува како личност од спротивен род.

  2. Модел на проценка, во кој за да се добие пристап до правна промена на родот е потребна проценка од страна на психијатар.

  3. Дијагностички модел, во кој е потребна дијагноза на трансексуалец дадена од страна на сексолошка клиника.

  4. Модел кој вклучува третман, во кој апликантот мора да има дијагноза на транссексуалец и да има примано хормонска терапија во текот од една година.

По добивањето на извештајот, владата се одлучила за првиот модел, т.н. декларациски модел и новиот закон скороен по овој модел ќе биде воведен во процедура. Според законот, апликантот може да аплицира за правна промена на родот во граѓанската канцеларија за регистрација, давајќи изјава дека чувствува дека неговиот или нејзиниот род спротивен од оној кој го има во личните документи. По шест месеци апликантот мора да потврди дека сака да направи правна промена на родот и откогаш регистрацијата нема да може да се промени. Времето во траење од шест месеци претставува период за да институциите се осигураат апликантот дека не аплицира импулсивно, но и за да се минимизира ризикот од измами и злоупотреба.

ЛГБТ Данска е крајно задоволна од избраниот модел во кој правната промена на родот воопшто не е поврзана со здравствениот систем и дека одлуката за правна промена на родот е приватна и индивидуална, а и дека за неа не е потребно одобрување од која било институција.

Извор: ILGA-Europe