Премногу тешко e за геј фудбалерите јавно да ја соопштат својата сексуална ориентација

Премногу тешко e за геј фудбалерите јавно да ја соопштат својата сексуална ориентација

Двајца играчи од италијанската фудбалска репрезентација прозборија за табуaта во врска со хомосексуалноста во фудбалот.

 

Матија Перин, дваесетиедногодишниот голман кој досега играл во пријателски мечеви за италијанската репрезентација, рече дека е наверојотно тешко за геј фудбалерите јавно да ја соопштат својата сексуална ориентација.

 

Многу спортски новинари и геј обожаватели на овој спорт предвидуваат дека 2014-та ќе биде годината во која врвен фудбалер ќе ја открие својата хомосексуална ориентација и ќе продолжи да игра.

 

Фудбалскиот свет го поддржа поранешниот германски репрезентативец Томас Хицлшпергер откако минатата година тој јавно соопшти дека е геј.

 

Во споредба со другите спортови, фудбалот, особено во Италија е многу конзервативен спорт“ – изјави Перин за Италија 1. „Мислам денеска дека ќе биде многу тешко за некој да ја соопшти својата хомосексуална ориетација“.

 

Но, триесетиедногодишниот Алберто Џилардино вели дека тој не би имал проблем доколку игра со геј играч во неговиот тим.

 

„Не би имал проблем да имам геј соиграч“ – изјави тој за Кориере дело спорт. „Тие се сосема нормални луѓе“.

 

„Мојата жена и јас имаме многу геј пријатели. Мислам дека воопшто не би се чувствувал посрамен да имам геј соиграчи“ – вели тој.

 

Мината година, капитенот на италијанската фудбалска репрезентација беше прашан дали тој би имал проблеми доколку биде најмен од клуб кој има играч кој е геј.

 

Тој рече дека единствено за што тој би бил загрижен е дали таа личост е добар фудбалер или не.

 

Извор: Gay Star News