19 Feb Повеќе од 540 невладини организации и 45 истражувачи бараат членовите на Европскиот Парламент да го одбијат извештајот на Ханибол
Повеќе од петстотини и четириесет граѓански здруженија и четириесет и пет истражувачи му порачаа на Европскиот Парламент на седницата која треба да се оддржи на 27 февруари да го одбие извештајот за проституцијата поднесен од европратеничката Мери Ханибол со кој се промовира криминализацијата на клиентите на сексуалните работници.
За оваа цел, невладините организации и истражувачите напишаа писма кои ги упатија до Европскиот Парламент. Во писмото на невладините организации, инцирано од страна на Меѓународниот комитет за правата на сексуалните работници во Европа која претставува мрежа на 59 организации од Европа и Централна Азија, се отфрла поврзаноста на сексуалната работа и трговијата со луѓе, се потенцира негрижата за здравјето и безбедноста на сексуалните работници и се вели дека има недостиг на докази на кои би требало да се основа извштајот.
Лука Стивенсон, кординатор на Комитот, рече: „Шведскиот модел на криминализација на клиентите не само што е неефикасен во намалувањето на проституцијата и трговијата со луѓе, туку е и опасен за сексуалните работници/чки. Со него се зголемува стигмата која претставува основна причина за насилството врз нас. Тоа е пропадната политика која ја отфрлија сите организации на сексуални работници/чки и голем број на женски, ЛГБТ и имигрантски организации, како и многу тела на ОН“.
Потписници на писмото се организации на сексуалните работници/чки, но и голем број на групи за права на жените какви што се Меѓународната федерација за планирано родителство, мрежа која има четириесет членки од Европа, и Националниот совет на германските женски организации, кој претставува педесет германски женски организации.
Мона Куперс, потпретседателка на Советот, рече: „Ние сметаме дека систематската криминализација на лицата кои купуваат секс нема да донесе промени на кои се надеваат подржувачите на оваа резолуција. Баш напротив, искуството од Шведска покажува дека проституцијата не само што нема да исчезне откако клиентите ќе бидат криминализирани, туку активностите ќе се префрлат во подземјето. Ова не може да биде решението, посебно не за жените кои работат во сексуалната индустрија.
Марија Тошева, офицер за застапување на СВАН, Мрежата за застапување на правата на сексуаланите работници/чки во Централна Источна Европа и Централна Азија, изјави: „Извештајот не успева да ги претстави различните реалности на сексуалните работнички од Европа. Тој ги засилува стреотипите дека сите жени од Источна Европа се крумичарат во Западна Европа, со што сите нив ги етикетира како жртви, им ја скратува способноста да делуваат и ги исклучува од дебатата и процесот на донесување одлуки. Некои од сексуалните работнички емигираат барајќи подобри можности за работа, а некои стануваат жртви на насилство и експлотација, но етикетирањето на сите сексуални работнички како безгласни жртви и криминализацијата на кој било аспект од сексуалната работа го оттргнува фокусот од прагаматичните кон моралистичките и репресивни решенија.
Голем број на ХИВ организации, вклучувајќи ја и Европската група за третман на СИДА и Акционата група за СИДА го поддржаа писмото. Мери Ханибол скоро и да не го споменува ХИВ-от во извештајот, очигледно несвесна дека сексуалните работници/чки се клучна популација кога е во прашање ХИВ-от. Во извештајот се цитира дефиницијата на сексуалносто здравје на Светската здравствена организација, но иронично се игнорира тоа што СЗО се позиционира против „Шведскиот модел“, затоа што тој негативно влијае врз животите на сексуалните работници/чки и го ограничува пристапот до кондоми и други мерки за превенција на ХИВ.
Друг документ кој беше подготвен и потпишан од повеќе од четириесет академици и истражувачи се состои од писмо до европарламентарците и контра-извештај во кој се анализира недостатокот или погрешната репрезентација на доказите во извештајот на Мери Ханибол.
Во писмото се вели: „Загрижени сме што овој извештај нема доволен стандард на кој би се основало гласањето кое ќе има сериозен и потецијално опасен импакт врз и онака маргинализираните популации. Извештајот на Ханибол не успева да одговори на проблемите и штетите кои ги опкружуваат сексуалните работници/чки и продуцира пристрасни и непрецизни податоци. Ние веруваме дека политиките треба да се основаат на солидни докази и затоа се надеваме дека ќе гласате против ставот да се криминализираат клиентите на сексуалните работници/чки.
Во контра-извештајот се напомеува дека покрај големите грешки, Мери Ханибол во целост погрешно го претставила заедничкиот извештај од страна на Градот Амстердам и Холандското Министерство за правда, срамно заменувајќи ги податоците за кофишоповите со оние на борделите.
Писмото можете да го преземете овде.
Контра-извештајот можете да го преземете овде.
За повеќе информации за кампањата кликнете овде.
Извор: Sex Work Europe