Бебе од Ванкувер стана првата личност со три родители во своите лични документи

Бебе од Ванкувер стана првата личност со три родители во своите лични документи

На изводот од матичната книга на родителите на едно бебе од Ванкувер се наоѓаат три родители што претставува прв случај по усвојувањето на новиот закон во Британска Колумбија со кој се дозволува да се наведат дури четири родители.

 

Тримесечната Дела Вулф Кангро Вајли Ричардс стана ќерка на лезбејски пар и нивниот пријател откако тие изминатата недела го завршија процесот на регистрација.

Тие се меѓу првите Канаѓани кои според новиот семеен закон успеаа да го постигнат тоа, без да поведат судска постапка.

 

Кога одлучиле да имаат дете, Ана Ричардс и нејзината сопруга Даниел Вајли се согласиле дека во нивното семјство сакаат да имаат фигура на татко, наместо анонимен донатор.

 

„Сакавме нашите деца да знаат од каде биолошки потекнуваат и всушност ни се допадна идејата да имаме проширено семејство“ – изјави Ричардс. „Не нè плашеше да имаме уште една личност во семејството се додека таа е вистинската личност“.

 

Ричардс била колега на факлутет со таткото на бебето, Шон Кангро, кој и бил близок пријател со кого неформално се шегувала дека сака да има дете.

 

Тројцата направиле формален договор со кој биле одредени правилата на нивната нова врска. Тие се согласиле дека Ричардс и Валји ќе бидат примарните родители на Дела, кои ќе бидат одговорни за финасииите. Кангро пак ќе ја извршува улогата на старател и ќе има удел во важните одлуки како на пример за нејзиното образование и здравствена заштита и ќе има право на пристап.

 

Парот за прв пат се обидел да аплицира за сертификатот минатиот месец, но биле одбиени откако формуларот кој им бил даден нудел место само за два родитела. Потоа добиле друг форумулар кој исто така требал да се промени.

 

„Со цел да бидам небиолошка мајка од втор ред, моравме да изјавиме дека таткото не е признаен или дека е неспособен да биде татко- што не се совпаѓаше со нашата ситуација“- вели Ричардс, додавајќи дека тие самите ја измениле формата на формуларот.

 

Во ниту една друга провиниција нема закон со кој се дозволува запишување на повеќе од два родители на изводот од матичната книга на родените, иако таквите услови се одредуваат од случај до случај.

 

Во јануари 2007-та, апелациониот суд во Онтарио одлучи дека едно младо момче може да има правно признаен татко и две мајки со што ова семејство стана првото официјално семејство со три родители во Канада.

 

Извор: National Post