Кажете „Не“ на криминализацијата на сексуалните работници/чки

Кажете „Не“ на криминализацијата на сексуалните работници/чки

 

На 27ми Февруари 2014, Европскиот Парламент ќе гласа За или Против извештајот ‘‘Проституцијата и сексуалната експлоатација и нивниот импакт врз родовата еднаквост‘‘ поднесен од Комитетот за Женски Права и Родова Еднаквост при ЕП (FEMM).

 

Овој извештај ги меша поимите ‘‘сексуална работа‘‘ и ‘‘трговија со луѓе‘‘ , ја негира способноста на самите сексуални работници/чки да се изјаснат во однос на тоа, и ги игнорира сите препораки на СЗО и УНАИДС за превенција на ранливоста кон ХИВ/СПИ.

 

И на крај како главна препорака ја дава усвојувањето на криминализација на клиентите на сексуалните работници како модел на регулација на Европско ниво.

 

Доколку ваквата препорака биде изгласана За во Парламентот, иако нема да биде обврзувачка за земјите членки и соседи на Унијата, сепак ќе биде од огромно влијание врз сите национални дебати поврзани со регулацијата на сексуалната работа.

 

Затоа многу организации на сексуални работници и нивни поддржувачи организирани во двете европски мрежи ICRSE (http://www.sexworkeurope.org/) и SWAN (http://swannet.org/) го креваат гласот против гласањето на овој извештај и криминализацијата на клиенти како репресивна и неефективна мерка.

 

Двете мрежи воедно ја бараат вашата поддршка во обраќањето до Европските Парламентарци преку:
– Потпишување и споделување на петицијата: https://www.change.org/en-GB/petitions/members-of-european-parliament-say-no-to-the-criminalisation-of-clients-of-sex-workers