Северен Кипар стана последната држава во Европа која ја декриминализише хомосексуалноста

Северен Кипар стана последната држава во Европа која ја декриминализише хомосексуалноста

Северен Кипар гласаше за укинување на законот од колонијалната ера според кој кој геј сексот беше забранет. Со овој потег, Европа стана третиот континент во светот во кој хомосексуалноста не е криминализирана.

 

Минатиот понеделник турските власти во Кипар усвоија амандман со кој се укинува законот од колонијалната ера според кој геј секскот се казнуваше со петгодишна затворска казна, пренесе Гардијан.

 

Промената треба да биде прифатена од страна на претседателот на републиката, Дервиш Еркоглу, од кој се очекува да ја поддржи реформата.

 

Откога реформата ќе стапи во сила, тоа ќе значи дека ниту една држава во Европа, Северна Америка и Аустралазија (Австралија, Нов Зеланд и Нова Гвинеја) нема да имаат закони со кои се криминализира хомосексуалноста.

 

„Овие бескорисни анти-геј закони, кои не заштитуваат никој и само предизвикуваат страдање и шетата на геј луѓето и лезбејките, постојат во уште осудесет и два прави система. Но, од вчера оваа бројка е намалена за еден и ние мораме тоа да го прославиме“ – изјави Џонатан Купер, извршниот директор на Хјуман Дигнити Траст, организација со седиште во Лондон.

 

Организацијата имаше преземено правни мерки во Европскиот суд за човекови права во Стразбур против Северен Кипар поради неговите закони против хомосексуалноста.

 

Извор: LGBTQ Nation