24 Jan Новата спикерка на собранието во Калифорнија е лезбејка
Лидерската позиција во калифорниското собрание на крајот од 2014-та ќе биде предадена од страна геј маж на лезбејка. Тони Аткинс, членка на Демократската партија од Сан Диего и која моментално е лидер на мнозинството во собранието беше избрана од страна на нејзините колеги за наследник на Џон Перез чиј манадат завршува на крајот на оваа година. „Се чувстувам почестена и сум благодарна и спремна за работа“ – изјави Аткинс минатата среда. „Калифорнија ќе се соочи со битни прашања во блиската иднина“ – додаде таа: „Едвај чекам да бидам во позиција да го водам собранието и да соработувам со сенатот и гувернерот при решавањето на проблемите и во унапредувањето на нашата голема држава“. Аткинс беше избрана за пратеник во калифорниското собрание во 2010-та откако скоро една декада работеше во градскиот совет на Сан Диего каде што за краток период служеше и како градиначалничка. Таа ќе биде втората по ред жена, но и членка на ЛГБТ заедницата која ќе биде на оваа позиција. Таа им се заблагодари на своите колеги за нивата доверба и поддршка и на Перез за неговото менторство. Перез рече дека е почетен поради тоа што партијата се обединила позади Аткинс. Тој ја нарече Аткинс силен лидер во решавањето на витални проблеми“. „Јас исто така видов, можеби подобро од било кој, колку таа напорно работи за да биде одржана фунционалноста на собранието и колку се грижи на интересите на народот“- изјави Перез. Извор: Gay star news