Сексуалните работници/чки во Шпанија ќе плаќаат даноци

Сексуалните работници/чки во Шпанија ќе плаќаат даноци

Мадрид- Сексуалните работнички од шпанското туристичко место Ибица формираа задруга со цел да започнат да плаќаат даноци и да се здобијат со правото на социјлно осигурување. Ова претставува првата регистирана група на сексуални работнички во Шпанија .

 

„Еднинаесет жени веќе се регистрираа кај локалните власти како работници на Sealeer, задруга која овозможува сексуални услуги“- изјави нивната порпаролка Марија Хозе Лопез.

 

„Ова претставува пионерски чин. Ние сме првата задруга во Шпанија која може да им овозможи легална заштита на сексуалните работнички“ – изјави таа за АФП:

 

„Единаесетте активни сексуални работничи кои се регистрираа минатиот ноември се жени од Шпанија, Италија и „Истокот“ на возраст од дваесет до триесет години“ – рече Лопез, одбивајќи да елаборира подетално.

 

Задругата планира да регистрира уште четириесет жени како свои членки.

 

Четириесет и две годишната домаќинка Лопез не е сексуална работничка, но е регистирана како членка на задругата за да биде во позиција на доброволен претставник на жените кои не сакаат да зборуваат со новинари.

 

Како и која било друга задруга, членовите на Sealeer ги пријавуваат своите приходи и плаќаат даноци, со што се здобиваат со правото на пристап до јавно здравство, пензија и други бенефиции.

 

Според извештајот на шпанскиот парламент за проституцијата од 2007, Шпанците дневно трошат околу педесет милиони евра за сексуални услуги, а се смета дека во земјата работат четиристотини илјади сексуални работници/чки.

 

„На Ибица каде што убавите плажи секоја година привлекуваат милиони странски туристи, сексуалната работа носи огромни приходи“, рече Лопез и додаде: „Како што ги регулираат хотелите и рестораните за да се осигураат дека работниците се регистирани, тие исто така треба да се потрудат и сексуалните работници/чки да можат да работат легално“.

 

Во Шпанија сексуалната работа не ниту е нелегална, ниту е регулирана.

 

Минатиот ноември владата најави нов закон со кој ќе се казнуваат лицата кои купуваат сексуални услуги во близина на училишта. Властите во Барселона воведоа казни за улична проституција, а оние од Мадрид планираат да го сторат истото.

 

„Со задругата на жените ќе им се овозможи незавсиност од бандите на макроата“ – изјави Глорија Појатос, поранешна правничка која ги советуваше сексуалните работнички од Ибица.

 

„Мислам дека работите започнуваат да се менуваат. Веќе е започната дебатата за тоа дали треба или не треба проституцијата да биде регулирана“ – изјави Појатос, која во моментот работи како судијка на Канарските острови.

 

Во рамките на ЕУ, сексуалните работници/чки можат да се регистираат во Белгија, Данска, Герминија и Холандија, а во некои случаи имаат право на социјални бенефиции.

 

Извор: News24