Европскиот Парламент строго ги осудува анти-ЛГБТИ законите во Уганда, Нигерија и Индија

Европскиот Парламент строго ги осудува анти-ЛГБТИ законите во Уганда, Нигерија и Индија

Со резолуцијата која беше усвоена вчера, Европскиот Парламент строго ги осуди мерките за криминализација на ЛГБТИ луѓето во Уганда, Нигерија и Индија. Парламентот исто така ја повика Русија да го укине законот со кој се забранува пропаганда на „нетрадиционални сексуални врски“.

 

Во текот на изминатиот месец, Нигерсикиот претседател го потпиша законот за забрана на истополови бракови со кој за луѓето во истополови врски се предвидуваат затворски казни во траење од четирнаесет години, а лицата кои водат геј бар или геј организација ќе се казнуваат со десет години затвор.

 

Минатиот месец, претседателот на Уганда го усвои т.н. „Законот против хомосексуалноста“ со кој консензуалните истополови врски меѓу возрасни лица ќе се казнуваат со доживотна затворска казна, поддршката на правата на ЛГБТИ лицата со седум години затвор, а неоткривањето на идентитетот на ЛГБТИ лица со три години завтор.

 

Европскиот Парламент строго ги осудува овие два закони потсетувајќи ги Уганда и Нигерија на нивните обврски кои произлегуваат од меѓународнито право за човекови права.

 

Со резолуцијата исто така се поздрави одлуката на индиската влада да побара од врховниот суд да ја преиспита одлуката со која хомосексуалноста беше рекриминализирана. Минатиот декември индискиот врховен суд ја укина одлуката од 2009-та во која се сметаше дека членот 337 (според кој хомосоксуалноста беше криминализирана) го прекршувал уставниот прицип на еднаквост.

 

Михаел Кешман, пратеник во Европскиот Парламент и ко-претседател на ЛГБТ интергрупата, рече: „Се згрозувам од повторената криминализација на ЛГБТ луѓето во Уганда и Нигерија, ЕУ и нејзините земји членки треба да ги искористат сите можни мерки за веднаш овозможат декриминализација на хомосексуалноста. Понатаму, силно ги обесхрабрувам сите ЛГБТИ туристи од посетување на Нигерија и Уганда, а и фирмите од испраќање на работници во овие две земји се додека овие закони се во сила“.

 

Улрике Луначек, пратеничка и ко-претседателка на ЛГБТ Интергрупата, додаде: „Одлуката на индискиот врховен суд претставува вистински шок, но владата го направи вистинскиот избор со барањето да се укине оваа назадна одлука. ЛГБТИ луѓето мораат да бидат во можност да живеат без страв и наслиство поради тоа што се“.

 

Извор: lgbt-ep