Челници на Руската Православна Црква бараат рекриминализација на хомосексуалноста

Челници на Руската Православна Црква бараат рекриминализација на хомосексуалноста

Москва – Минатиот петок портпаролот на Руската Православна Црква побара од руската влада повторно да ги врати законите за забрана на хомосексуалноста кои датираат од Советската ера.

 

Пречесниот Всеволод Чаплин цитираше неодамнешни анкети кои покажуваат дека повеќе од педесет проценти од возрасните Руси ја сметаат хомосексуалноста или за болест или за кривично дело.

 

„Не постои дилема дека треба да се дискутира за ова прашање, затоа што живееме во демократија“ – рече Чаплин и додаде: „Поради оваа причина, мнозиството треба да одлучи што треба да престставува кривично дело, а не некои надворешни сили“.

 

Чаплин рекол дека предлогот за забрана на геј сексот ја рефлектира силната одбрана на традиционалните вредности за кои многу Руси сметаат дека се нападнати од страна на европските нации, но и од страна на САД. Минатата година, руската Дума ја усвои забраната на она што таа го нарече „геј пропаганда“, забранувајќи промоција на „нетрадиционални сексуални врски“ помеѓу малолетници. Потоа следеше забараната за посвојување на руски деца од страна на граѓани на земји кои ги признаваат истополовите партнерства. И двата закони беа набрзина потпишани од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

 

Но, Чаплин и останатите од црковната хиерархија сметааат дека тоа не е доволно.

 

„Убеден сум дека таквите сексуални контакти треба да бидат целосно исклучени од животот во нашето општество“ – рече тој и додаде: „доколку можеме да го постигнеме ова преку морален притисок, тогаш ќе биде подобро. Но, доколку мораме да бараме помош од законодавците, тогаш треба да ги прашаме луѓето дали се спремни за ова“.

 

Чаплин кој го предовиди Одделот на синодот за црквени и општествени односи, исто така предупреди дека легализацијата на истополовите партнерства во другите земји ќе резултура со порпаст на западната цивилизација во следните педесет години.

 

Павел Крашениников, член на путиновата владеачка партија и заменик во Думата, рече дека повикот на Чаплин повторно да се воведе закон од ерата на Советскиот сојуз „нема да се прифати, делумно поради нашите меѓународни обврски“, реферирајќи на Европската конвенција за човекови права која Русија ја има потпишано.

 

Советскиот Сојуз ја криминализирање хомосексуалноста во 1934 во зентитот на погромите на советскиот диктатор Стаљин што резултуираше со смртта на шест милиони Руси во гулазите. Законот беше укинат во 1993 од страна на владата на рускиот претседател Борис Јелцин.

 

„Многу се имаме сменето оттогаш“ – додаде Крашениников.

 

Според анкетата спроведена минатата есен од страна на Левада Центарот, седумдесет и четири проценти од руската популација веруваат дека општеството не треба да ја прифати хомосексуалността. Анкетата откри дека еден од пет Руси веруваат дека луѓето се раѓаат како хомосексуалци, додека пак една третина верува дека хомосексуалноста треба да се третира медицински, а само тринаесет проценти сметааат дека таа треба да се криминализира.

 

Извор: LGBTQ Nation