09 Jan Германскиот фудбалер Хицлшпергер откри дека е геј
Томас Хицлшпергер, поранешнот германски интернационалец кој поголемиот дел од својата кариера ја проведе во Англија, стана првиот високопрофилен фудбалер кој призна дека е геј. Тој ја објави својата сексуална ориентација во знак на протест на „анти-геј пропаганда“ законите во Русија непосредно пред оддржувањето на Зимските Олиписки Игри во Сочи.
Триесет и едно годишниот Хицлшпергер се повлече од фудбалот минатата година поради повреда, па затоа во повисоките фудбалски ешалони се уште не постои активен фудалер кој јавно ја соопштил својата хомосексуална ориентација.
Хицлшпергер, кој играше за Астон Вила, Вест Хем Јунајтед и Евертон и секако за германската репрезентација, ја отрки својата хомосексуална ориентација во интервјуто дадено за германскиот весник Ди Цајт, кое треба да биде објавено денеска.
Хицлшпергер изјавил: „Се решив јавно да ја соопштам својата хомосексуална ориентација затоа што сакам да ја продлабочам дискусијата за хомосексуалноста помеѓу професионалните спортисти.
Тој исто така изјавил дека намерно одлучил да проговори во овој момент поради Олимписките Игри во Сочи кои треба да се оддржат следниот месец: „Се приближуваат Олимписките Игри во Сочи и мислам дека е потребно да се зборува против кампањите наменети против хомосексуалците кои ги водат неколку влади“.
Луѓето инволвирани во фудбалот кои јавно соопштиле дека се геј се ретки. Поранешниот фудбалер на Лидс Јунајтед, Роби Роџерс, се „аутираше“ минатата година, откако и тој се повлече од фудбалот. Подоцна тој повторно заигра фудбал во Ел Еј Галакси.
Хицлшпергер соопшти дека е загрижен за ставовите кои постојат во соблекувалните и воопшто прволигашкиот фудбал. Тој зборуваше дека го лутело тоа што на фудбалот се гледа како на спорт во кој „борбата, страста и вољата за победа се интристично поврзани, споредно со идејата дека „геј лицата се слабаци“.
Тој додаде: „Хомосексуалноста не претставува сериозен проблем во Англија, Германија или Италија, барем не во соблекувалните. Кога седите на маса со дваесет мажи и пиете, можете повеќето кажани нешта да им ги простите, се додека шегите се половично смешни и глупостите кажани против хомосексуалноста не се многу навредливи.
Се смета дека пошироката фудбалска публика ги има променето своите ставови откако Џастин Фашану се самоуби во 1998, осум години откако се „аутираше“.
Објавата на Хицлшпергер се појави на истиот ден кога се појави веста за хомофобичните забелешки на Алекс, поранешниот фудбалер Челзи.
Поранешниот тимски колега Лукас Подолски одговори многу позитивно на оваа вест: „Храбра и исправна одлука. Респект, Томас Хицлшпергер. Неговото „аутирање“ е важен сигнал“ – напиша Подолски на Твитер.
Извор: Independent