Папата Фрацис ја предупреди црквата да биде внимателна во односот со децата на геј парови

Папата Фрацис ја предупреди црквата да биде внимателна во односот со децата на геј парови

Папата Францис ја предупреди црквата дека мора да биде внимателна да не ги оттуѓи децата на истополовите парови и оние чии родители се разведени, затоа што во спротивно постои ризик да ги оттргне од католичката вера.

 

„На образовно ниво, геј партнерствата за нас претставуваат потешкотија која понекогаш тешко ја разбераме“ – изјавил Папата минтиот ноември за време на говор кој деновиве беше објавен во италијанските медиуми.

 

„Во училиштата бројот на деца чии родители се разведени е многу голем“- рекол Папата во говорот и додал: „Се сеќавам на случај во кој едно тажно девојче му призна на својот учител: – Девојката на мајка ми не ме сака“.

 

Папата Францис рекол дека поголемата разноличност во семејствата на верниците на црквените образовни работници и го поставила прашањето: Како да го прокламираме Исус на генерација која се менува? Мораме да бидеме внимателни да не им дадеме вакцина против верата“.

 

Минатиот октомври, пред да го даде гореспоменатиот говор, Папата Францис започнал едногодишни консултации со глобалната католичка заедница за тоа како католиците да им пријдат на моралните прашања, вклучувајќи ги хомосексуалноста и истополовите врски.

 

Некои од прашањата наменети за парихиите во врска со истополовите парови беа: „Какво пасторално внимание треба да се посвети на луѓето кои одбрале да живеат во истополово партнерство?“ и „Во случај лицата кои живеат во истополво партнерство посвоиле дете, што може да се стори за да им се пренесе верата?“

 

The Union of Superiors General претствува највисока женска организација во рамките на Католичката Црква.

 

Source: Gay star news