04 Jan Германска министерка јавно соопшти дека е лезбејка
Германската министерка за животна средина јавно соопшти дека е лезбејка. Додека некои сметаат дека сексуалноста на Барбара Хендрик е „јавна тајна“, шеесет и едно годишната министерка официјално се „аутираше“ во неодамешно интервју дадено за Рајнише Пост.
Кога ја запрашале што има испланирано за новогодишната вечер, Хендрик открила дека ќе ја прослави Новата година во Берлин во друштво на нејзината партнерка.
„Во ранец ќе земеме шише шампањ и пар чаши и ќе ја прославиме новата 2014“- рекла Хендрик.
Како членка на Социјалдемократската партија на Германија, таа се обидуваше нејзиниот личен живот да го задржи во доменот на приватноста, но сепак таа беше гласен поддржувач на ЛГБТ правата во парламентот.
Директорот за застапување на Хјуман Рајт Воч, Борис Дитрих, за Геј Стар Њуз изјави дека „аутирањето“ Хендрик претставува важна работа затоа што „покажува дека една личност може да биде министер во Германија без да ја крие својата сексуална ориентација од јавноста. Според тоа, Хендрик претставува јавен пример исто како што тоа беше Гидо Вестервеле во периодот на претходната влада.
„Тоа не значи дека таа е подобар министер, но ќе и помогне на јавноста да ја прифати хомосексуалноста“ – додаде тој.
Според тоа, Хјуман Рајтс Воч се разочарани што новата коалиција не се согласи да воведе брачна еднаквост во Германија. Во оваа смисла новата голема коалиција ја пропушти шансата да го стори истото што се случи во соседните земји Данска, Холандија, Белгија и Франција.
Извор: Gay star news