17 Oct Места за безбедно инјектирање во Квебек
Монтреал, Канада – Според одлуката на Врховниот суд, Квебек планира да воведе контролирани места за безбедно инјектирање во своите два најголеми града и покрај заканите на гласните противници на оваа идеја.
Ивс Болдук, Министерот за здравство на Квебек, вели дека провинцијата моментално преговара со две дистрибутивни групи на прибор за инјектирање – Кактус Монтреал и центрот Point de Reperes во Квебек сити.
Двете организации моментално дистрибуираат прибор за инјектирање на зависниците и се спремни да понудат контролирани места за безбедно инјектирање откога ќе им биде дадено зеленото светло.
Болдук ги отвори вратите за проектите по десет дена откако Врховниот суд донесе одлука дека ванкуверскиот центар за инјектирање Инсајт, единствениот во Канада, може да функционира на неопределен рок.
Одлуката на Врховниот суд предизвика жолчна дебата во Квебек сити. Трговците и еден советник на градот изјавија дека корисниците на дрога преставуват закана за бизнисот и квалитетот на животот. Застапниците против зависноста од дрога велат дека местата за инјектирање придонесуваат за намалување на криминалот, а исто така и спречуваат ширење на заразни болести преку упоребата на валкан прибор