20 Dec Холандија донесе нов закон за родов индентитет
Со новиот закон, кој се очекува да стапи на сила следниот јули, трансродовите лица во Холандија ќе можат да го променат својот родов идентитет на официјалните документи само со изјава од „експерт“ кој ќе сведочи за нивната желба.
Минатата среда холандскиот парламент го усвои законот кој ќе важи за сите лица кои имаат над шестнаесет години. Според сегашниот закон, трансродовите лица можат да ги променат своите документи откако ќе бидат стерилизирани, откако ќе направат операција за промена на полот и откако ќе добијат судска одлука.
„Законот претставува победа за транродовите лица во Холандија“ – пишува во заедничкото соопштение на раководителите на Трансродовата мрежа во Холандија и најстарата ЛГБТ организација во земјата ЦОЦ-Холандија. „Се гледа крајот на сите понижувачки ситуации со кои секојдневно се справуваат трансродовите луѓе поради тоа што нивната полова одредница е различна од онаа која ја имаат во реалниот живот“.
Во извештајот на Хјуман Рајтс Воч од 2011-та се вели дека досегашниот холандски закон за родов идентитет ги „прекршува правата на трансродовите лица на лична автономија и физички интегритет, и не им ја дозволува можноста да го дефинираат својот родов идентитет“.
Борис Дитрих, поранешен холандски пратеник кој сега е директор за затапување на ЛГБТ програмата на Хјуман Рајтс Воч, законот го нарече „значаен чекор нанапред’.
Сепак Трансродовата мрежа на Холандија и ЦОЦ Холандија соопштија дека новиот закон треба да помине низ серија ревизии. Според нив, Холнадија треба да усвои сличен закон за родов идентитет каков што минатата година беше усвоен во Аргентина, според кој е потребно „експертско“ мислење за да ја променат својата родова класификација. Тие исто така сакаат да се елиминира возрасната граница.
„Двете организации ќе продолжат да притискаат и да застапуваат законот да ги опфаќа сите потреби на трансродовите луѓе во Холандија“- соопштија двете групи.
Извор: Buzzfeed