Уругвај стана првата земја која ја легализира марихуаната

Уругвај стана првата земја која ја легализира марихуаната

Минатиот вторник Уругвај стана првата земја во светот која ја легализира продажбата на марихуана. Поддржувачите на законот се собраа во близина на уругвајскиот Конгрес држејќи зелени балони и јамајкански знамиња во чест на Боб Марли.

 

Сенатот го усвои законот со кој ќе се создаде индустрија реглуирана од државата и со кој им се дозволува на граѓаните да одгледуваат, купуваат и пушат марихуана, се вели во извештајот на Ројтерс. Законот, кој беше поддржан од претседателот Хозе Мухика, минатиот јули беше усвен од страна на долниот дом. Набљудуван од останатите латино-амрикански земји, Мухика го промовираше законот како алтернативна стратегија на „војната против дрогите“ на САД за справување со шверцот на дрога.

 

Додека други земји го имаат декриминализирано поседувањето на марихуана, а Холандија ја има дозволено продажбата, Уругвај е првата земја која дозволува целосен синџир на прозиводство и дистрибуција. Во САД, минатата година Колорадо и Вашингтон гласаа за да се дозволи регулирана рекреациска марихуана индустрија.

 

Законот, кој ќе биде имплеметиран во рок од сто и дваесет дена, на конзументите кои се постари од осумнаесет години им дозволува да купат количина до тежина од четириесет грама од аптеки регулирани од државата или пак да одгледуват до шест растенија дома. Со законот исто така се легализираат пушачки клубови до четириесет и пет члена кои можат да одгледуваат сопствена марихуана.

 

Но, не сите се возбудени поради новиот закон, според неодамншна анкета спроведена од страна на Еквипос Консулторес, педесет и осум проценти од Уругвајците се против легализирањето на тревата. Но, јавното мислење се менува брзо, минатиот јули дури шеесет и осум проценти од населението било против законот.

 

Извор: Time