05 Dec Германија ќе ја ограничува сексуалната работа
Новата германска владина коалиција соопшти дека ќе даде предлог за забрана на опцијата за неограничен секс во јавните куќи како дел од престоечките реформи на развиената секс индустрија во земјата.
Критичарите велат дека сексуалната работа излегла од контрола откако таа била легализиранана во 2002.
Минатиот понеделник, Ања Штридер, пропаролот на германските социјалдемократи, го потврди извештајот објавен во весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг дека за забраната се преговарало за време на коалициските преговори со конзервативиот блок на канцеларката Ангела Меркел.
Во реформите на Законот за проституција се вклучени и подобра заштита за жртвите од присилена проституција и построги правила за сопствениците на борделите.
Промените ќе бидат усвоени откако владата ќе биде формално составена следната година.
Една декада откако јавните куќи беа легализирани во Германија и правата на сексуалните работници беа признаени како работнички права преку еден од најлибералните закони за сексуална работа во светот, секторот доживува невиден развој.
Организираните сексуални работници/чки велат дека секторот е побезбеден и поздрав од кога и да било претходно.
Но, изненадната кампања водена од страна на најистакнатите феминисти во земјата ги мобилизираше дамнешните непријатели на најстарата професија во светот кои велат дека промените го претворија Берлин и други градови во Германија во огромни дисконити за секс.
Извор: Global Post