02 Dec Германските доктори повикуваат да се стави крај на забраната за дарување крв од страна на геј лица
Германската медицинска асоцијација соопшти дека има намера да направи сè што е во нивната моќ за да се укине забраната за давање крв од страна на геј лица.
Во скоро цела Европа постои забрана за сите мажи коишто имаат секс со други мажи да донираат крв.
Додека земјите како Велика Британија и Шведска им дозволуваат на геј и бисексуалните мажи да донираат крв доколку немале секс цела година, други европски земји како Германија не дозволуваат ниту во тој случај.
Причината за ова се наоѓа во фактот што мажите коишто имаат секс со мажи се сметаат дека припаѓаат во вискоризичните групи кај кои постои поетенцијален ризик на инфицираност со ХИВ.
Германската Медицинска Асоцијација верува дека нема потреба да се забранува геј и бисексуалните лица да даваат крв.
Со дозволувањето да даруваат крв на самците кои немале секс една година или пак паровите кои се во моногамна врска повеќе од пет години, потенцијално ќе се зголеми потребната банка на крв во земјата. Минстерот за здравство на Германија, Даниел Бар, го прифати предлогот велејќи дека е потребно повеќе луѓе да даваат крв во земјата.
„Доколку се воспостават подобри медицински критериуми, тогаш тоа е прогрес“, – изјави тој за Зуддојче Цајтунг.
На светско ниво идејата мажите кои имаат секс со мажи да даруваат крв предизвика големи котроверзи.
Тие кои сметаат дека забраната треба да остане тврдат дека геј и бисексуалните мажи се група на луѓе кај кои постои поголем ризик да се инфецирани со ХИВ, хепетит и сифилис.
Голем број на ЛГБТ организации сметаат дека рестрикциите за дарување се основани на хомофобија, а не на медициски докази, и со нив се стреотипизира сексуалниот живот на геј и бисексуалните мажи како „ризичен“.
Извор