Кризната Грција отвори прв центар за безбедно инјектирање

Кризната Грција отвори прв центар за безбедно инјектирање

Грција го отвори првиот центар за безбедно инјектирање со цел да го сопре распространувањето на заразни болести помеѓу корисниците на дрога во земјата која беше силно погодена од светската финсиска криза, соопшти грчката организација против дрогите ОКАНА.

 

Следејќи ги сличните проекти во Западна Европа, Канада и Австралија, во центарот се дозволува инјектирање под медицински надзор на дроги кои корисниците сами ќе си ги донесат. Откако бил отворен минатиот октомври, досега бил посетен од страна на двесте корисници на дроги.

 

„Побарувачката за услугите кои ги нуди центарот се зголемува на дневно ниво и веруваме дека наскоро ќе ни бидат потребни повеќе вакви центри во другите делови на градот“ – изјави Сакис Папаконстантиноу, раководителот на ОКАНА која управува со центарот.

 

Грција ги скрати трошоците за здравството како дел од мерките за штедење пропишани од меѓународните лидери во замена за фондови кои би и помогнале земјата да се одржи на површината.

 

Повеќето од 25 000 илјадите корисници на дроги во Грција се бездомници и немаат пристап до сервиси за здравствена нега во земјата во која невработеноста се ноаѓа на 27 проценти и ги засега генерално младите луѓе во периодот од шест годишната рецесија.

 

Според ОКАНА, бројот на ХИВ-инфицирани лица рапидно порасна за време на врвот на кризатата во 2011-2012, а делењето на употребени игли придонесе за поголема експонираност на инфекцииите какви што се ХИВ и Хепатит Б и Ц. Со собата за инјектирање исто така се цели кон намалување на смртни предозирања.

 

Уште од 1986, повеќе од деведесет соби за безбедно инјектирање биле отворени во Швајцарија, Холандија, Германија, Шпанија, Луксембург, Норвешка, Канада и Австралија.

Преставниците од мрежата за политики на дроги при Советот на Европа кои се сретнаа со експерти за политики на дроги од грчката влада и други европски земји, повикаа на итна политичка акција за справување со влијанието на злоупотребата на дрогата во земјите кои спроведуваат мерки за штедење.

 

„Да не го жртуваме третманот од дроги на алтарот на штедењето“ – реше Панос Какавиатос, гласноговорник на Советот на Европа кој планира да испрати повик до сите влади да овозможат ресурси за третман од дрога.

 

Извор: salledeconsommation.fr