25 Nov Во Шведска се отвара првиот пензионерски дом за ЛГБТ лица
Во Шведска се отвара првиот пензионерски дом наменет исклучиво за ЛГБТ заедницата во Стокхолм.
По многуте години работа, идните жители и поддржувачите на идејата минатата недела се сретнаа за да го прослават официјалното отворање.
Ларс Мононен, кој е жител и потпретседател на асоцијацијата која го отвори домот, изјави : „Луѓето веќе неколку години работеа напорно на оваа идеја и сега тој конечно стана реалност“.
Пензионерскиот дом е наречен Regnbågen што во превод значи „виножито“. Во домот ќе се сметат генерално луѓе кои имаат над педесет и пет години.
Одговарајќи на стравовите за гетоизација и како ЛГБТ заедницата би можела да стане отфрлена од општеството, претседавачот Кристер Фелман рече дека овој потег нема да бид виден како „враќање во плакарот“.
Тој рече: “На секого ќе му биде дозволено да живее таму. Ќе постои поинаква форма на интеграција“.
Асоцијацијата исто така се надева дека иако ова е првиот пензионерски дом од ваков вид, можеби во иднина во Шведска ќе се појави тренд на отварање на слични домови.
„Ова можеби е првиот шведски геј френдли пензионерски дом, но тој нема да биде последниот. Знам дека дека се прави нешто слично во Гетеборг“ – изјави Мононен.
Извор: Gay star news