Геј спортистите ќе маршираат на алтернативно отворање на Олимписките Игри во Сочи

Геј спортистите ќе маршираат на алтернативно отворање на Олимписките Игри во Сочи

Геј спортистите ќе направат паралелен настан на церемнонијата за отварање на Зимските Олипмписки Игри во Сочи за да ги нагласат ЛГБТИ правата во Русија.

 

Алтернативната церемонија се планира да се оддржи во светски познатиот манчестерски Геј Вилиџ во северозападот на Англија.

 

На неа ќе се појават перформанс уметници, спортисти, активисти и други профили на луѓе со цел да се испрати порака за солидарност со ЛГБТИ Русите.

 

Манчестер кој е збратимен град со рускиот Санкт Петерзбург, уште од самиот старт се противеше на руската забрана за „геј пропаганда“.

 

Како што на 7-ми февруари, во Сочи ќе започне церемонијата на отворање, геј спортистите ќе маршираат низ улиците на Геј Вилиџ во Манчестер.

 

Настанот ќе заврши во Таурус барот каде што ќе има доделување на медали, говори и перформаси.

 

Целиот профит ќе биде дониран на руски ЛГБТ организации.

 

Следниот ден во манчестерскиот Контакт театар ќе се одигра преставата „До Русија со љубов“ која претставува нова драма инспирирана од вистински приказни на луѓе кои живеат репресирани од путиновите хомофобични закони.

 

Адам Зејн, еден од организаторите на манифестацијата за Геј Стар Њуз напиша за наследството на Членот 28, претходниот закон со кој се забрануваше „промоција“ хомосексуалност во британските училишта.

 

Тој изјави: „Се сеќавам на Членот 28 и тогаш имаше дваест илјади луѓе кои маршираа на улиците на Манчестер и мислам дека е потребен моќен ЛГБТ одговор на руските закони низ целиот свет. Целата заедница мора да се спортистави и да испрати порака за солидарност со ЛГБТ Русите. За мене беше многу инспиративно што видов многу млади луѓе коишто се вклучија во ова и секако не би сакал да седам дома и да не правам ништо“

 

Иан Скот од Таурус барот додаде: „Таурус отсекогаш бил поврзан со силната посветеност на еднаквоста и човековите права и беше природно за нас да се вклучиме во овој голем настан за да ја дадеме нашата поддршка на нашите ЛГБТ пријатели во Русија“.

 

Извор: gay star news