Лекари од Јута предложуваат легализација на медицинската марихуана

Лекари од Јута предложуваат легализација на медицинската марихуана

Солт Лејк Сити, САД – Невролог од Универзитетот во Јута и два други универзитетски доктори од оваа сојузна држава на САД ја дадоа својата поддршка за дозволување на медицинска употреба на екстракт од марихуана за деца кои страдаат од епилептични напади.

 

Во писмото кое минатиот вторник го испратиле до Советодавниот комитет за контролирани супстанци во Јута, неврологот д-р Френсис Фило напишал дека течноста од медицинска марихуана е опција која ветува резултати за децата кои страдаат од епилепсија.

 

Фило и другите доктори се приклучија на повикот на еден родител од Јута да се промени државниот закон со тоа што ќе дозволи употреба на екстракт на масло од канабис.

 

Се верува дека екстрактот кој се произведува во соседната држава Колорадо им помага на децата кои боледуваат од ретка форма на епилепсија познатата како Дравет синдром.

 

Екстрактот има ниско ниво на ТХЦ – хемикалијата која делува психоактивно кај луѓето.

 

„Супстанцијата не е психоактивна или халуциногена. Таа нема никаков потенцијал да биде злоупотребувана“ – вели Фило во своето писмо, кое е исто така е потпишано и од два други универзитетски доктори.

 

Во САД, дваесет држави дозволуваат употреба на медицинска марихуана, но Јута не е една од нив.

 

„Со недозволувањето на употреба на масло од канабис, ние сме одлучиле да го ограничиме пристапот до терапија која има потенцијал да го подобри животот на пациентите“- пишува Фило.

 

Џош Стенли, произведувач на екстрактот кој живее во Колорадо, му порача на комитетот дека нивото на ТХЦ во неговиот производ е толку ниско што според земјоделските стандради се смета за производ од коноп. „Семејствата коишто се очајни за пристап до лекот се имаат преселено во Колорадо само за да можат да го купат екстрактот“, вели Стенли.

 

Џенифер Меј чиј единаесет годишен син боледува од Дравет синдромот, е една од родителите од Јута кои барат да се дозволи употребата на производот.

 

Меј изјави дека размислува да се пресели во Колородо поради болеста на нејзиниот син, но сепак одлучила да остане во Јута.

 

„Никој од нас си нема заминато од државава за да може да го добие овој лек“ – изјавила Меј. „Чекаме на моментот кога ќе бидеме во можност да можеме да го направиме тоа без да ги прекршуваме законите или да ги лажеме нашите доктори за начинот на кој ја третираме болеста на нашите деца“.

 

Гејз Фроерер, републикански политичар од Хантсвил, најави дека во јануари планира да поднесе предлог закон за лелализација на употребата на екстракт од канабис. Неговиот предлог ќе вклучува дозвола за производ од коноп, вклучувајќи ги и медициските масла, да бидат увезувани и извезувани во Јута се додека тие содржат ниски нивоа на ТХЦ. Фроерер рекол дека планира да побара повеќе истражувања за бенефитите од производот за да може да се дозволи одгледувањето на коноп во сојузната држава Јута.

 

Извор: Herald extra