ХЕРА: Наместо скапи кампањи кои предизвикуваат предрасуди, конкретни мерки за унапредување на здравјето на жените

ХЕРА: Наместо скапи кампањи кои предизвикуваат предрасуди, конкретни мерки за унапредување на здравјето на жените

ХЕРА и ЕСЕ денес ги промовираa наодите од истражувањата „По четиригодишната кампања: ставови за абортусот помеѓу општата популација“ и гинеколозите во Македонија и „Да за финансиските средства за унапредување на здравјето на жените. Не за кампањи кои го дискриминираат“. Овие две истражувања, спроведени во текот на 2013  беа насочени кон опишување на влијателноста и на трошоците на владината медиумска кампања против абортус „Имаш право на избор. Избери живот“. Главните наоди се:

 

– 67%  од испитаниците  сметаат дека жената треба самостојно да донесе одлука за абортус.

 

– 39% од испитаниците ја осудуваат жената која направила абортус, а дополнително загрижува податокот дека жената ја осудуваат речиси половина од младите испитаници (45%) на возраст од 15 до 24 години.

 

– Владината кампања  „Имаш право на избор. Избери живот“ бележи гледаност кај 61% од населението, а 63% од тие што ја гледале се согласуваат со пораките кои ги испраќа. Дека не треба да се абортира е главна порака на кампањата идентификувана кај 28% од одговорите на испитаниците.

 

– 76% од гинеколозите кои биле дел од истражувањето сметаат дека абортусот е слободен избор на жената.

 

– Постои високо ниво на информираност кај гинеколозите за новиот закон за прекинување на бременоста, а 71% од нив сметаат дека со измените ќе се отежни пристапот до абортус.

 

– Кај општата популација само 37% од испитаниците се информирани за промените во законот, но половина од овие сметаат дека новите законски промени го намалуваат правото на жената за слободен избор.

 

– Иако не се добија бараните информации за потрошените средства од Влада на РМ , според податоците достапни  во 2009 година, за оваа кампања на годишно ниво се троши по најмалку 36 милиони денари.

 

– Средствата потрошени за истата кампања се за 16 милиони денари поголеми отколку што Владата одвојува за Програмата за рана детекција на малигни заболувања во однос на компонентите за рано откривање на карциномот на дојката и карциномот на грлото на матката. Една од главните цели на оваа Програма е намалување на морбидитетот и морталитетот од двата најчести карциноми кај женската популација.

 

Во согласност со овие наоди и со цел вистинска намена на државните средства за подобрување на здравјето на жената повикуваме:

 

– Да се сопре со кампањи со кои преку континуирана промена на свеста се стигматизираат жените кои направиле абортус, се манипулира со правото на избор и абортусот се прогласува за убиство, а кои имаат најголем ефект врз најмладата популација.

 

– Државните средства вложени во ТВ кампањи да се насочат кон проверени мерки за редуцирање на бројот на абортуси, кои вообичаено се користат, како во светот, така и во националните стратегии и програми:

-кампањи за едукација на младите, девојките и жените за контрацепција,

-пристап до контрацепција којашто е бесплатна или има намалени цени,

-да се зголемат средствата за Програмата за активна заштита на мајките и децата,

-воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата.

 

Преземено од http://hera.org.mk/?p=2118