08 Nov ЕУ: Хомосексуалноста е основа за добивање азил
Највисокиот суд на Европската Унија донесе одлука дека хомосексуалноста преставува основа за одобрување азил.
ЛГБТИ луѓето од Сиера Леоне, Уганда и Сенегал кое се соочуваат со затворски казни во нивните земји имаат основа да добијат азил во дваесет и осумте земји членки на Европската Унија.
Европскиот суд за правда во Луксембург одлучи дека законите за затворање на геј луѓето „можат да преставуваат акт на прогон“.
Не може да се очекува геј луѓето да ја кријат својата сексуална ориентација за да избегнат прогон, затоа што тоа би претставувало „одрекување од карактеристика која претставува основа на идентитетот на личноста“.
Судот ја донесе оваа одлука во случаите на три лица од Сиера Леоне, Уганда и Сенегал кои бараат азил во Холандија.
Холандскиот суд го постави прашањето дали хомосексуалците можат да се сметаат за „посебна социјална група“ и дали криминализацијата и затворањето преставуваат „прогон“.
Иако Европскиот суд за правда соопшти дека таргетирањто на ЛГБТИ луѓето ги прави посебна група, сепак останува на националните власти да одлучат дали „во земјата од која потекнуваат апликантите за азил, затворањето се применува во пракса“.
Самото постоење на забрана на хомосексуалноста не е основа за одобрување на барање за азил, соопшти судот.
Извор: Gay star news